Стратешките резерви на нафта во ЕУ близу до рекордно ниско ниво

Од:

Стратешките залихи на нафта и деривати во ЕУ благо пораснаа во јули од рекордно ниското ниво во јуни, покажуваат денеска објавените податоци на Европскиот завод за статистика.

На ниво на ЕУ, залихите во јули се зголемени за 2,5 отсто во однос на јуни, на 103,6 милиони тони, објави Евростат. Во однос на ланскиот јуни тие се за 3,7 отсто пониски.

Рекордно ниското ниво на залихи во јуни го одразува двократното пласирање нафта и деривати на пазарот во координација со Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) за да се стабилизираат цените, кои нагло се зголемија поради руската инвазија на Украина и санкциите против Русија, и да се обезбеди снабдување.

Залихите на пазарот ги пласираа 18 членки на ЕУ, вкупно 182,7 милиони барели, најмногу во историјата на ИЕА, објави Евростат.

Германија, Франција и Шпанија забележаа највисоко ниво на залихи во јули, а потоа следат Италија и Полска.

Речиси 11 отсто од залихите на земјите од ЕУ се чувале во други земји-членки. Најголем удел во странство има Луксембург, дури 87 отсто. Следат Малта со 84,4 отсто и Белгија со 49,3 отсто. Само Чешка, Унгарија, Австрија, Полска и Словачка ги задржаа сите залихи на своја територија.

Комерцијалните нафтени резерви на компаниите сочинуваат 33,1 отсто или 51,4 милиони тони од залихите во ЕУ.

Најголеми во јули беа во Германија, каде што изнесуваа 9,3 милиони тони. Следува Холандија со 8,9 милиони тони и Италија со 5,8 милиони тони, објави Евростат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Паднаа цените на нафтата

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа