Стратегија за иновации 2012-2020

Од:

Владата донесе Стратегија за иновации 2012-2020, документ врз основа на кој ќе се формулираат политиките за поддршка на иновациите.

Стратегијата се насочува во 4 поголеми поглавја: Зајакнување на склоноста на бизнис секторот за внесување иновации; Зајакнување на човечките ресурси за иновации; Зголемување на протокот на знаење помеѓу актерите во иновациите и Создавање на регулаторно окружување за поддршка на иновациите.

„Владата и финансиски ќе го поддржи развојот на иновациите, и ќе ја финансира реализацијата на Стратегијата. За Стратегијата ќе бидат инвестирани повеќе милиони евра во повеќе години, средства обезбедени од Владата, но и од донации, и специјалните програми на меѓународните организации и Европската Комисија. Во првите три години обемот на финансиска поддршка ќе биде над 3 милиони евра со извесна можност за зголемување. Ќе бидат формирани и повеќе нови државни тела и органи, ќе се спроведуваат голем број на настани, и ќе се имплементираат проекти кои имаат конкретна корист за компаниите”, рече Ѓорѓиев.

„Стратегијата е почеток на една нова ера во македонската бизнис заедница, и научно-образовната дејност како нејзина поддршка. Таа нуди можности за подобрување на конкурентноста на бизнисите, поголема соработка, поголеми знаења и кадров потенцијал, подобра заработка и финансиска кондиција на компаниите преку искористувањето на опциите на иновациите. Владата очекува таа да е значаен катализатор на општествените и економски процеси и да донесе успеси на поголем број субјекти”, изјави владиниот портпарол Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он