Стопанската комора има издадено 646 е-сертификати за потекло кои им се потребни на компаниите за извоз

Од:

Стопанската комора на Северна Македонија, која работи на процесот на дигитализација со цел да им излезе во пресрет на барањата на нејзините членки, до октомври годинава има издадено 646 е-сертификати за потекло кои им се потребни на компаниите за извоз на нивните производи.

Со овие дигитални сертификати, се намалува времето на издавање за 82 проценти и се елиминирани трошоците за хартија и печатење на документи. За разлика од претходно, компаниите сега многу побрзо ги добиваат овие е-сертификати, притоа заштедувајќи време и пари. Сертификатите се прифатени од земјите -членки на Европската унија, Западен Балкан, членките на МАГРЕБ, земјите-членки на Евроазиската економска унија, САД, Канада, Обединетото Кралство, Украина и Виетнам.

Според потпретседателката на Комората, Анета Трајковска, пристапувањето кон процесот на дигитализација е голема придобивка особено во услови кога поради здравствено-економската криза предизвикана од корона-вирусот се јавува неопходна потреба од дигитализирање на процесите, секаде каде што е можно.

„Платформата за дигитална трансформација на деловните процеси и издавање на е-документи“ е изработена од „Некстсенс“. Се работи за веб базирана платформа која услугите на Комората ги прави 24/7 достапни од било каде со пристап до интернет и дигитален сертификат. Услугите се целосно електронски, со вклучено електронско плаќање, без потреба од физичко присуство, автоматизација на процесот за поднесување на барање и издавање документи и високи безбедносни стандарди.

Стопанската комора на Северна Македонија на почетокот на месецов беше прогласена и за дигитален шампион за 2021 година. Наградата и беше доделена на министерската конференција во Женева од страна на Светската Трговска Организација (WTO), Мeѓународната стопанска комора (ICC) И Меѓународниот центар за трговија (ITC). На свеченото доделување, потпретседателката на Комората Елена Милевска-Штрбевска истакна дека со дигитализацијата им се помага на бизнисите да работат дигитално и да се справат со тешкотиите предизвикани од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Стопанската комора со сет барања за дополнителна поддршка на домашниот агросектор

Стопанска комора ќе бара од ЕУ да ги пролонгира роковите за одредени стандарди и регулативи кај бизнисот

Горан Наумовски

Стопанска комора: Владата го повлече Предлог-законот за данок на солидарност, но бараме целосно да се стопира неговото донесување

Стопанска комора: Обемот на соработката во регионот се намалува, компаниите во многу тешка позиција поради неизвесноста