Стопанска комора: Влезот во НАТО отвора голема перспектива за македонската економија

Од:

Стопанската комора на Македонија го поздравува влезот на земјава во НАТО. Нагласува дека со овој чин е остварена нашата повеќедецениска стратешка цел со која, освен од безбедносен, ни се отвораат големи перспективи и од економски аспект.

-Нашата земја и формално стана членка на НАТО. Тоа е голем ден за македонската држава и важен момент во нашата историја. Остварена е повеќедецениската стратешка цел за која низ годините анкетите постојано покажуваа многу висока поддршка од граѓаните. Влезот во НАТО е значајна придобивка за една земја. Придобивката е уште поголема кога земјата е мала и има многу ограничени ресурси за самостојно развивање на капацитетите на одбраната. Притоа, стабилизирањето на безбедносната ситуација на земјата создава услови и за поширок развој на самото општество, демократијата. Но, влезот во НАТО отвора и значајни перспективи на економски план. Во моментов сите сме преокупирани со коронавирус кризата, но таа во еден момент ќе помине и тогаш ќе почнат да се материјализираат придобивките и за македонската економија, вели во видео-изјавата главниот советник на Управниот одбор на Стопанската комора, Зоран Јовановски, поосчувајќи ги пред се инвестициите.

Според него, за земја како нашата, која е мала и не е богата, отстранувањето на безбедносниот ризик е важна работа. Тоа ќе овозможи да се зацврсти перцепцијата за македонската економија како атрактивна дестинација за нови странски директни инвестиции и за поголеми домашни инвестиции.

-За цената на позајмувањето. Со перцепцијата за намален ризик на земјата, барем во делот на безбедносниот ризик, ако се друго е непроменето, се намалува и цената по која земјата позајмува на меѓународните пазари на капитал. Ова значи можност за обезбедување поевтино финансирање на капиталните инвестиции на државата во иднина. За можностите за извоз, пак, влезот во НАТО значи и можност за македонските компании да продадат свои производи за задоволување на дел од потребите на НАТО. За своите набавки НАТО има посебен интернет сајт. Таму стои дека компаниите што сакаат да бидат добавувачи на НАТО мора да се основани во земји членки на НАТО. Македонските компании сега веќе влегуваат во оваа група и за нив ќе се отворат нови перспективи во иднина, истакнува Јовановски.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Стопанската комора за енергетика: Измамници нечесни, вирусот не е смртоносен

Ландов

Пешев: Во периодот што следува компаниите ќе имаат проблем да ја одржат ликвидноста

Ана Ололовска

Стопанската комора: Измените на економските мерки се добри за бизнисот, но остануваат отворени важни прашања за идниот период

А1он

Во мај вебинар на Стопанската комора за влијанието на Ковид врз осигурителниот сектор

Ана Ололовска

Азески: Проблеми со ликвидноста кон средината на мај, а со извозот во почетокот на јуни

Ана Ололовска

Стопанската комора почнува со онлајн обуки – ќе им помага на компаниите подобро да ги искористат мерките за поддршка

Ана Ололовска