Стопанска комора: Компаниите да помогнат во борбата против коронавирусот согласно можностите

Од:

Стопанската комора на Македонија апелира, не само до своите членки, туку и до сите други компании, во рамки на своите можности да и помогнат на пошироката заедница за полесно и заеднички да ја преброди состојбата предизвикана од коронавирусот.

По овој повод, главниот советник на Управниот одбор на Комората за економски прашања, Зоран Јовановски преку видео-изјава потсетува што досега имаат сторено некои од поголемите компании.

-Ова е време кога сите заедно треба да преживееме. Притоа, секој го прави тоа што може и помага колку може. Од почетокот на коронавирус кризата, бројни компании ја покажаа својата грижа за пошироката заедница. Да споменеме само некои од нив. „Алкалоид“ донираше финансиски средства за помош во Министерството за здравство и ги намали цените на 158 свои производи. „Макпетрол“ и „Усје“ донираа финансиски средства на Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема. Клиниката „Жан Митрев“ ги понуди своите капацитети за искористување за потребите на државата. „Кромберг и Шуберт“ донираше медицинска опрема и материјали за Клиничката болница во Битола, а „Монтенегро маркети“ за општата болница во Гостивар, вели Јовановски.

Додава и дека за лицата што доаѓаат од странство и треба да поминат одреден период во карантин, понудени се бројни сместувачки капацитети: хотелите „Ибис Центар“ и „Ибис Стајл“ заедно со медицинска поддршка од „Аџибадем Систина“, хотелот „Стоун Бриџ“ во Скопје, хотелот „Макпетрол“ во Маврово, хотелот „Епинал“ во Битола, „Казино Фламинго хотел“ во Гевгелија. „Комфи Ангел“ од Прилеп донира дел од сопственото производство на перници, јоргани, а наскоро и заштитни маски. Компанијата „Ваурон“ донираше прочистувачи на воздухот на Инфективната клиника во Скопје. „Жито Лукс“ во соработка со „Црвен крст“ донираше леб за социјално загрозените лица и семејства.

-„ЕВН“ и „ЕЛЕМ“ за 24 часа по добивање на барањето обезбедија осветлување на безбедносните пунктови Бошков Мост и Глобочица во регионот на Дебар. Мобилните оператори „Македонски Телеком“ и „А1“ на своите корисници им донираа бесплатен мобилен интернет и им овозможија бесплатно следење на дополнителни ТВ канали, за полесно поминување на времето дома, истакнува Јовановски во видео-изјавата.

Би можело да ве интересира

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Стопанската комора со сет барања за дополнителна поддршка на домашниот агросектор

Стопанска комора ќе бара од ЕУ да ги пролонгира роковите за одредени стандарди и регулативи кај бизнисот

Горан Наумовски

Стопанска комора: Владата го повлече Предлог-законот за данок на солидарност, но бараме целосно да се стопира неговото донесување

Стопанска комора: Обемот на соработката во регионот се намалува, компаниите во многу тешка позиција поради неизвесноста

Јовановски: Сега ги плаќаме слабостите во нашата економија од пред 30 години

А1он