Стојанова: СДСМ глумеше дека државата е задолжена, а сега тргнува со нови, поголеми задолжувања

Од:

Соња Ѓелова Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите кажа дека СДСМ со години лажно глумела дека државата е задолжена, а сега откако дошле на власт, тргнале со нови задолжувања, многу поголеми од претходно предвидените.

– Имено, со ребалансот на буџетот, СДС, Заев и Тевдовски, сакаат за само 5 месеци да ја задолжат државата над 150 милиони евра. Да потсетиме дека во првите месец дена само што дојдоа на власт, ја задолжија државата 60 милиони евра. СДС со ова темпо до крајот на годината Заев и Тевдовски секој ден ќе ги задолжуваат граѓаните по над 1,2 милиони евра повеќе од планираното дневно. Замислете секој ден граѓаните кога ќе се разбудат државата ќе биде задолжена за нови 1,2 милиони евра повеќе од планираното, изјави Стојанова.

Како што кажаа таа, во ставката домашно задолжување Владата на СДСМ планирала наместо 17,8 милијарди денари да се задолжи за 20,7 милијарди денари, односно 48,3 милиони евра повеќе кон домашните доверители.

– Во ставката задолжување кон странство Владата на СДС планира наместо планираните 12,3 милијарди денари да ги задолжи граѓаните со 18,4 милијарди денари. Со ова планираат да не задолжат дополнителни 100 милиони евра повеќе кон странски доверители. Она што е индикативно и сомнително е дека за само половина година се задолжуваат 150 милиони повеќе, а сепак СДС блокираат, укинуваат и стопираат проекти кои се од сериозен интерес за граѓаните, кратејќи ги средствата за нивната реализација. Сите сектори од државата трпат со ребалансот на буџетот, изјави Стојанова.

Таа додаде дека до сега од СДСМ не се видел ниту еден капитален проект, план или конкретна мерка, освен набавка на морска храна, октоподи, цвеќиња и партиски вдомувања на кадри од нивните редови.

– Граѓаните имаат право да знаат зошто СДС се задолжува повеќе од планираното, односно секој ден до крајот на годината ќе ги задолжуваат по над 1,2 милиони евра повеќе од планираното, а од друга страна сите капитални проекти ги стопираат и им го кратат буџетот за реализација, заврши Стојанова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија