Стојаноски: Предлог буџетот за 2023 година е историски највисок, нереален, инфлаторен, надуен балон кој е прашање кога ќе експлодира

Од:

Македонија во моментов е економски срушена, испокрадена и земја која со брз чекор оди кон огромна сиромаштија меѓу граѓаните, уништување на стопанството и банкрот на државата. Граѓаните ни се гладни, граѓаните ни се сиромашни, граѓаните бараат подобар животен стандард. Република Македонија руши рекорди и во регионот и во светот по сиромаштија, по низок животен стандард, по најниски плати, по пензии сме рекордери во сиромаштија’’ – вака говореше еден ваш пратеник кога бевте во опозиција во 2016-та година, но целосно ве опишал Вас и државата во овој момент. Имаме историски највисока инфлација од 20%, историски највисок јавен долг, експлозија на цени на основни прехранбени производи, троцифрени цена на горивата, струја која поскапува секои 6 месеци, а не очекува ново поскапување од минимум 10% како честитка за Нова година, најмали плати во регионот, најмал економски раст, а сепак најбогата владина коалиција. Сиромаштија, бесперспективност, очај, рече Бојан Стојаноски, пратеник во Собранието на денешната собраниска расправа за предлог буџет за 2023 година.

Стојаноски во текот на своето обраќање посочи дека имаме историски највисок, нереален, инфлаторен, надуен балон кој е прашање кога ќе експлодира.

-Ние сме држава во која голем дел од домаќинствата можат да си дозволат само еден оброк дневно, а владата не престанува да троши народни пари за работи кои се се, освен неопходни. Држава која е второ место на Индексот на мизерија во Европа.И сега, во оваа расправа ќе се служам со факти и бројки искомуницирани од Вас, од Ваши изјави, документи и официјални бројки.Пред нас е предлог буџетот за 2023-та година.Историски највисок, нереален, инфлаторен, надуен балон кој е прашање кога ќе експлодира. Најголемиот буџет досега, дури 5,3 милијарди евра.Да одиме дел по дел, ова е буџет со висок буџетски дефицит од 4,6% или 700 милиони евра, кој ќе донесе огромен јавен долг од 64,4% од БДП. Во прашање се доведува фискалната одржливост, односно дали државата ќе може да ги плаќа обврските. Што велат клучните бројки на Буџетот за 2023 година?Од даноци државата планира да собере повеќе од половина од парите, или 3,4 милијарди евра, 352 милиони евра или 19,2% повеќе од 2022 година од кој најмногу од данокот на додадена вредност. Од ДДВ планирани се да се наплатат над 1,28 милијарда евра, 26% повеќе од планираниот буџет за 2022 година, со што приходите од овој данок ќе ја надминат психолошката граница од 1 милијарда евра.Инаку, во проста бројка 163 милиони евра повеќе од планот за 2022 година, кажа тој.

Пратеникот се осврна и на инфлацијата каде укажа дека инфлацијата нема да запре и дека ќе се зголемува и сето тоа заради тоа што владата планира да ја имплементира новата даночна реформа.

-ДДВ, како што е познато, е данок на потрошувачката, па ова само ги потврдува тврдењата дека инфлацијата нема да запре и ќе се зголемува. Владата планира да направи класичен арач и репресија врз даночните обврзници и имплеметирајќи ја новата даночна реформа, која сега ја крие и никој официјално не ја видел на еден месец пред нејзиното имплементирање. На тој начин власта планира да собере 28 милијарди денари повеќе по основ на даноци. Приходите од данокот на личен доход планираат да ги зголемат за 26% или 65 милиони евра повеќе, за данок на добивка за 19,4% или 21 милион евра повеќе, а размислуваат и за дополнително оданочување на производи како и за повторно враќање на зелениот данок ! Влада планира да го зголеми приходот од казни за 6,8% или да собере по овој основ 152 милиони денари повеќе од минатата година. Инспекции, притисок и казни.Приходите годинава во однос на минатата година треба да бидат поголеми за 590 милиони евра. Тоа се толку пари годинава што стопанството и граѓаните ќе дадат повеќе на државата и тоа само поради ценовните шокови. Граѓаните не живеат подобро и не купуваат повеќе производи, туку за жал ги купуваат истите или помалку производи но со далеку повисоки цена, кажа тој.

Стојаноски порача дека владата ако сака може да му помогне на народот, но ќе треба да се откаже од дел од приходите.

-Власта ако сака може да се откаже од дел од приходите, за да му помогне на народот. Стигмата Сиромашен народ – богата влада не донесе на ова катастрофално економско ниво. Да работеа домаќински наместо да мислеа на тендери во 4 очи, и да ги затегнеа расходите, а поради инфлаторните приходи кои растат можевме да имаме и благ плус во буџетот, но криминалците од власта не престануваат да мислат на сопствено богатење, додаде Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Усвоен Буџетот за 2023 година

(ВИДЕО) Марковска: Со Буџетот за 2023 година рекордни средства за земјоделството и капитални инвестиции

Ана Ололовска

Ристова: Буџетот за 2023 година обезбедува покачување на пензиите, на минималната плата и повеќе средства за општините

Ана Ололовска

Стојаноска: Покачување на плата во услови кога инфлацијата кај храната е 30 отсто е неопходност, а не расипништво

Ана Ололовска

Презентиран предлог Буџетот за земјоделство за 2023, историски најголем буџет со фокус на стабилно и зголемено производство на храна

Горан Наумовски

Николова: Буџетот за 2023 година обезбедува економска пресвртница и повисоки плати и пензии

Ана Ололовска