Стоилковски: РЕК Битола во вештачка кома, наместо да произведува и продава струја, 20 милиони евра се дадени за увоз

Од:

Грејната сезона е во ек, а РЕК Битола работи само со еден блок. Васко Ковачевски излажа дека од 15 ноември ќе работат трите блока. Поточно ветувањето беше дека од 15 ноември третиот ќе биде пуштен, а потоа за 20 дена ќе се заврши ремонтот на вториот блок рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Да работеа трите блока, или барем два од трите, немаше да се увезе струја во вредност од 20 милиона евра само во ноември од страна на ЕСМ, струја која потоа ја препродаваат на ЕВН за покривање на потребите на регулираниот пазар. Дневниот увоз на струја е од 3 до 5 гигават часови, односно колку што би можело да покрие со работа на само еден блок на РЕК Битола. Едноставно, ако РЕК Битола работи со два блока увозот можеби и не би бил потребен. Со три блока, ќе може да продава струја и за стопанството рече Стоилковски.

Тој праша дали РЕК Битола се држи во вештачка кома за да мора да се направи увоз од 20 милиони државни евра, за како што вели некој да направи увоз и да заработи од маржата за купопродажба.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Катерина Ѓуровски

Членство во ЕУ и продолжување на стратешкото партенство со САД – изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори 2024