Сточарите нема да поднесуваат барања за субвенции за млеко, процедурата ќе ја спроведува Платежната агенција

Од:

Поднесувањето на барањата за субвенции за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко нема да го вршат сточарите, туку Платежната агенција податоците ќе ги презема директно од регистрираните откупувачи на сурово млеко, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Ваквото олеснување на административните процедури, како што наведува МЗШВ, е поради состојбата предизвикана од КОВИД-19, а целта е земјоделците да не одат до подрачните единици на Министерството и да не се изложуваат на ризик.

-Владата на предлог на Министерството за земјоделство донесе Уредба за изменување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година. Со оваа Уредба се направи измена во поднесувањето на барањата за субвенции за подмерката за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко, информира МЗШВ.

Би можело да ве интересира

Димковски: Консолидација на земјоделско земјиште е државна политика

Ана Ололовска

Доставени картичките за „зелена нафта“ во Струмичкиот регион

Ана Ололовска

Министерот Димковски на средба со оризопроизводителите од Кочанско, ќе се зајакнува улогата на Институтот за ориз

Ана Ололовска

Активирани дисперзирани канцеларии на МЗШВ во Новаци и Могила

Ана Ололовска

Бабовски: До крај на јули може да се аплицира за добивање субвенции за земјоделството по Програма 2020 година

Ана Ололовска

Медиумите може да поднесуваат барања за субвенционирање на социјалното осигурување за вработените

Ана Ололовска