Ставревски: Пругата кон Бугарија станува реалност

Од:

„Република Македонија ја затвори финансиската конструкција за рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридорот 8 кон Бугарија. Средствата во износ од 46,4 милиони евра се обезбедени од Европската банка за обнова и развој, по исклучително поволни услови“,соопшти вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески .

Проектот предвидува рехабилитација на на делницата Куманово-Бељаковце во должина од 31 километар.

„Реконструкцијата на оваа делница, а и целокупната изградба на пругата на Коридорот 8 станува реалност по 15 години тапкање во место Република Македонија конечно ќе може да почне со реализација на овој значаен проект, рече Ставрески.

Средствата се обезбедени со рок на отплата од 15 години со грејс период од четири години и каматна стапка што во моментов изнесува 1,7 отсто.

Градбата на делницата се очекува да почне во првиот квартал од 2013 година, а работите на терен да завршат за три до четири години. Тендерот треба да се објави во септември годинава.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Оценка 2.91 за патувањето со воз, пругите „чекаат“ приватни оператори и ремонти

А1он

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Објавен тендерот за третата фаза од пругата кон Бугарија

Горан Наумовски

Бочварски: Наскоро средба меѓу работните групи на Србија и Македонија за изградба на брзата пруга