Ставрески за „Купи куќа, купи стан“: Поддржуваме семејни вредности

Од:

Вицепремеирот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска беше во посета на домот на Иван и Ивана Стојановски во Скопје. Овој млад брачен пар живее веќе половина година во својот дом благодарение на проектот „Купи куќа, купи стан“.

– Иван и Ивана беа едни од првите кои аплицираа за проектот „Купи куќа, купи стан“. На јавното доделување на кредити им ветив дека ќе ги посетам и еве денеска по тој повод, како и по повод на најмалиот член на ова смеејство Максим, кој има два месеци, сум тука, изјави министерот Ставрески за време на посетата на семејството Стојановски.

Тој изрази задоволство што проектот „Купи куќа купи стан“ може да се гледа како една платформа за поддршка на семејните вредности.

– Домот и нашите најблиски се она што го прават нашиот живот. Проекот „Купи куќа, купи стан“ се базира на давањето шанса. Владата им дава шанса на стотици вакви семејства да дојдат до свој дом и да почнат да ја градат својата иднина. Знаење во животот е да се препознаат добра шанса и да се искористи, истакна министерот.

Иван и Ивана, ккао што посочи, се едни од 110 семејства кои досега ја искористија оваа поволност и благодарение на неа изградија свој дом. – Огромно задоволство е што проектот „Купи куќа, купи стан“ обезбеди дом за нив и ќе продолжи и во иднина да обезбедува дом за стотици други семејства. Тоа го прави успешен, нагласи Ставрески.

Искажувајќи благодарност за посетата Ивана Стојановска рече дека со Иван биле внечани, но бидејќи немале стан живееле одвоено секој со своите родители. – Како момче и девојка се гледавме и потоа секој по дома. Благодарение на проектот „Купи куќа купи стан“ дојдовме до свој стан и станавме вистинско семејство веќе половина година откако се вселивме. Пред два месеци во нашиот дојде и Максим и сега ова е наш дом, рече Ивана.

Иван Стојановски рече дека „Купи куќа купи стан“ е можност за почеток. – Ние го користевме моделот половина рата и добивме субвенција од Владата од 6 илјади евра. Тоа е навистина поддршка за некој што започнува заеднички живот. Во секој случај добивате, додадде тој.

Министерот Ставрески на семејството Стојановски им подари икона со „Свети Јован“ по повод празникот за да го заштити домот, како и подарок за најмладиот член на семејството Максим.

Би можело да ве интересира

Газдите може да ги издаваат становите по цени колку што сакаат: Пратениците против утврдување на горна граница за кириите

Орце Костов

Цените на становите во Скопје со раст од седум отсто во четвртиот квартал лани

Цените на становите во Скопје со раст од 11 проценти на годишно ниво

Орце Костов

Во јули 280 одобренија за градење, за 33,6 отсто помалку во однос на истиот месец лани

Ќе паѓа цената на становите во Скопје, државата најави регулација

Орце Костов

Зголемени цени на становите, поголема побарувачка за станбени кредити и повеќе издадени одобренија за градба – извештај на Народната банка

Катерина Ѓуровски