Ставрески: Посетата на Русија успешна

Од:

Со двата проекта ќе се заокружи изгадбата на гасификациската мрежа во Македонија и ќе се овозможи земјата да добие приклучок кон најзначајниот меѓународен транспортен коридор за гас, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по посетата на Русија, оценувајќи ја како многу успешна.

„Како резултат и на последната посета на премиерот Никола Груевски и средбата со претседателот Владимир Путин веќе имаме доставена понуда од руска страна, односно нацрт спогодба за приклучување на Македонија кон „Јужен поток“ кој е најзначајниот коридор за гас кој ќе ја снабдува цела Европа со што се обезбедува енергетската стабилност и сигурност на Македонија за сите идни генерации и за многу години во иднина. Со вториот проект, за кој исто така остваривме конкретен напредок, односно потпишавме меморандум за соработка со Стројтрансгас, кој ќе учествува во изградбата на националната гасоводна мрежа  во Македонија, веќе имаме цврста фиксна временска рамка во која ќе се вршат сите активности што треба претходно да се направат, односно ќе се утврдат сите детали, ќе се достави конечната понуда од руската страна и во релативно краток период ќе почне изградбата на националната гасификациска мрежа“, рече министерот.

Со проектите, додаде, ќе се обезбеди подобрување на конкурентноста на македонската економија, стабилна достава на гас до македонските домаќинства и до претпијатијата што ќе им помогне да добијат сигурен извор на енергија кој ќе биде еколошки и поевтин. Воедно, се прави чекор напред во реализацијата на гасоводниот систем и обезбедувањето приклучок на најзначајниот транспортен коридор на гас.

„Верувам дека следните месеци ќе направиме дополнителен напор, сите кои се вклучени во овој процес да ги дозаокружат овие работи што тука ги утврдивме и да почне изградбата на националниот гасоводен систем до крајот на оваа година, а за „Јужен поток“  ќе разговараме кога точно ќе се изгради кракот за РМ, но најзначјно е дека тој крак ќе го има и РМ е дел од „Јужен поток““, додаде Ставревски.

Би можело да ве интересира

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он