Ставрески: Намалувањето на невработеноста се должи на владините мерки и реформи

Од:

Во изминатите години стапката на невработеност континуирано се намалува, што според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, се должи на повеќе мерки и реформи што ги спроведува Владата, а најважно, како што истакнува во интервју за порталот Економски.мк, е што намалувањето на стапката на невработеност се случува во услови на економска криза, кога невработеноста се зголемува во сите европски земји.

Во интервјуто посочува дека во третиот квартал во 2012 година стапката на невработеност изнесува 30,6, што е најниска стапка последните осум години и е на пониско ниво од предкризниот период.

Меѓу мерките и реформите што ги спроведува Владата во насока на подобрување на состојбите на пазарот на труд ги напоменува мерките за поддршка на ликвидноста на компаниите преку ниските и рамни даноци, новиот модел на данок на добивка кој овозможи фирмите да имаат 0 проценти данок на добивка доколку не исплаќаат дивиденди и намалените социјални придонеси од 32 отсто на 26,5 отсто. Исто така, значајна е и поддршката на Владата за поттикнување на претприемништвото и приватната иницијатива (првенствено давањето кредити за отпочнување сопствен бизнис, формализирање на бизнисите, како и за намалувањето на сивата економија), активните мерки и политики за вработување кои се насочени кон лицата кои активно бараат работа, политиката на привлекување странски директни инвестиции кои отвораат нови работни места итн. Сите овие активности придонесоа за ублажување на последиците од кризата и влијаеја врз намалувањето на стапката на невработеност.

– За да може правилно да се димензионираат мерките и политиките за зголемување на вработеноста, како и правилно да се насочат, потребно е да се има јасна слика за бројот на невработени лица кои активно бараат работа. Во таа насока, преку измени на законската регулатива се овозможи раздвојување на правото на задолжително здравствено осигурување и условот за регистрирање како невработено лице за стекнување на тоа право. Тоа придонесе за значителното намалување на бројот на невработените лица, вели министерот за финансии во интервјуто за порталот Економски.мк.

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

Орце Костов

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Евростат: Стапката на невработеност во ЕУ е шест проценти