Ставрески: Македонија како крстосница овозможува полесен извоз на компаниите во Европа

Од:

Македонија е брзорастечка економија која се наоѓа на раскрсница меѓу Истокот и Западот и Северот и Југот, што ја олеснува работата на бизнисмените кои што се наоѓаат во Македонија за извоз во која било европска земја.

Вака вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ја претстави Македонија како поволна бизнис дестинација пред индиските компании на бизнис форум во Ченаи.

– Македонија е брзо растечка економија споредено со други земји во Европа што значи дека ја споредуваме земјата со други европски земји што имаат стапка на раст од еден до два проценти. Пред кризата Македонија имаше просечна стапка на раст од 5 до 6 проценти, а исто така и многу полесно излезе од кризата споредено со други европски земји. Стапката на растот во 2010 и 2011 изнесуваше три проценти што се заснова на извозот кој што се зголемува од 25 до 30 проценти на годишно ниво. Ова се јавува поради странските директни инвестиции, односно компаниите кои што отвориле свои бизниси во слободните економски зони, истакна министерот пред индиските стопанственици.

Тој потенцира дека Македонија е земја кандидат за членство во ЕУ што е важно за секој бизнисмен, бидејќи, како што рече, со тоа се дава едно високо ниво на стабилност и на предвидливост на законодавството, политиките и регулативите кои се важни за самиот бизнис.

Ченаи, која е петта дестинација каде владината делегација ги претставува инвестициските можности во Македонија пред индиски стопанственици во повеќе градови, е еден од економски најбрзо растечките градови во светот и единствен индиски град кој е рангиран на Форбс листата „Топ 10 најбрзо растечки градови во светот“. Во овој индиски град со популација од 4,7 милиони жители водат бизнис 24 индиски компании кои вредат над милијарда долари. Тој е познат како град на автомобилската индустрија со фабрики на Хјундаи, Рено, Нисан, Форд, БМВ, Митсубиши. Исто така, развиена е информатичката индустрија.

Денешната презентација се организира во соработка со најголемата стопанска комора во Индија ЦИИ – Конфедерација на индиските индустрии.

Инвестициските потенцијали на Македонија претходно беа презентирани и пред бизнис заедниците во Њу Делхи, Бангалор, Тривандрум и Хидерабат.

Во состав на делегацијата се и министерот без ресор за привлекување странски инвестиции Бил Павлески и директорот на Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони Виктор Мизо.

Би можело да ве интересира

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов