Ставрески: И во услови на криза се постигнуваат високи резултати

Од:

Примерот на компанијата „Адора Инжинеринг“ потврдува дека може да се остваруваат високи резултати во работењето и во услови на криза, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во обраќањето на свеченоста по повод 10 годишниот јубилеј од работењето на „Адора инжинеринг“.

Со остварен најголем успех меѓу две деловни години, посочи Ставрески, во време на светска економска криза „Адора инжинеринг“ во 2011 година е меѓу петте најуспешни и најбрзорастечки компании во Македонија со највисока стапка на пораст на вкупните приходи, на обртниот капитал и кредибилноста.

– Поволната бизнис клима која ја креираше оваа Влада преку низа мерки во насока на подобрување на ликвидноста на компаниите, и помогнаа на Адора Инжинеринг денес да стане препознатлив бренд-лидер во високоградба во Македонија и во регионот, рече Ставрески.

Тој истакна дека во изминатите седум години се воведени повеќе даночни поволности и оти само преку воведувањето на новиот концепт на оданочување, фирмите, меѓу кои и „Адора инжинеринг“ заштедиле 190 милиони евра.

Министерот за финансии потсети и дека во изминатиот период постапките за добивање одобрение за градба се олеснети и скратени во корист на инвеститорите. Токму во делот на добивање градежни дозволи во најновиот извештај на Дуинг бизнис Македонија е посочена како земја која најмногу се реформирала и напреднала со постигнување резултат што е најдобар во ЈИЕ, наведе Ставрески и додаде дека за разлика од порано кога беа потребни над 20 процедури за да се дојде до градежна дозвола, денес се потребни само неколку и значително се намалени трошоците. Таквата клима, како што рече, позитивно влијаеше врз градежништвото во Македонија и тоа денес како и во претходните години е секторот што го влече растот во македонската економија или спречува да има понегативни тенденции.

– Ваквата клима позитивно влијаеше на храбрите инвестициски чекори на Адора инжинеринг, која во март годинава купи пет локации државно градежно земјиште и во јуни годинава почна со изградба на пет нови елитни станбено деловни објекти. Токму во услови на криза Адора инжинеринг инвестира најмногу, нагласи Ставрески и посочи дека кризата не беше пречка ниту за кредитирање на добрите проекти на Адора од домашни и странски банки.

Генералниот директор на Адора инжинеринг Ванчо Чифлиганец најави дека компанијата ќе продолжи да работи посветено во реализација на тековните проекти, но и на нови, меѓу кои станбен елитен објект во општина Центар, инвестиција од 100 милиони долари.

– Градењето идеален дом за квалитетен живот по мерка на граѓаните, со постојано усовршување и модернизација на енергетски ефикансите станови, имајќи ги како приориет зелените еко градби кои се тренд во развиениот свет, останува императив и во натамошното делување, се вели во монографијата „Само делата се вистина“, што ја промовира компанијата по повод десет годипниот јубилеј.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов