Ставрески: 100 милиони евра поволни кредити достапни за компаниите

Од:

Евтините кредити што Владата ги обезбеди преку кредитната линија од 100 милиони евра од Европската инвестициска банка од денеска се достапни за македонските компании. Договорите со ЕИБ ги потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорот на Македонска банка за поддршка на развојот Драган Мартиновски.

Фирмите ќе ги добијат средствата по исклучително поволна, субвенционирана камата од 5,5 проценти и рок на отплата од осум години со грејс период од две години. Вицепремиерот Ставрески очекува овие средства, доколку се стабилизираат состојбите во Европа и се зголемат нарачките на домашните компании, компаниите да ги искористат не само за дневна ликвидност, туку и за инвестиции и отворање нови работни места.

Според директорот во ЕИБ Доминик Корубин, оваа кредитна линија заедно со претходните две ја покажуваат одлучноста на Владата да даде поддршка за инвестиции на малите и средните претпријатија и тоа во услвои на финансиска и економска криза, а со цел да се зачува економскиот раст во земјата.

Директорот на МБПР Драган Мартиновски, посочувајќи дека 70 проценти од кредитната линија се за малото стопанството, а 30 проценти за големите компании, рече дека таа има значење за вкупната економија во Македонија.

Одговарајќи на новинарско прашање министерот Ставрески истакна дека обезбедувањето поволни кредитни линии од ЕИБ за директна поддршка на фирмите и зголемување на износот на капиталните инвестиции во Буџетот кои за оваа година се 350 милиони евра се мерките со кои од 2009 година се бори државата против европската криза..

Во врска со продажбата на држави записи, тој рече дека секогаш кога државата запишува државни записи тие повторно завршуваат во економијата. – Државата не ги стерилизира тие средства. Државата или ги враќа кон банките или пак исплаќа обврски преку кои повторно средствата завршуваат во економијата, рече министерот.

 

Би можело да ве интересира

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он