Станковиќ: Кои функционери на ВМРО-ДПМНЕ му земале мито на Мите Макоил?

Од:

Десет дена откако во интервуто за неделникот „Фокус“, бизнисменот Мите Јовановски, сопственик на бензинските пумпи “Макоил“ јавно призна дека му барале и земале мито за да може непречено да се занимава со нафтениот бизнис, СДСМ укажува дека премиерот и владејачката партија молчат за овие обвинувања , но ова не ги амнестира од кривичната одговорност.

Обвинителството, велат, има обврска по службена должност да ги превземе сите неопходни дејствија за да ги расчисти овие наводи.

„Бидејќи е можно во Обвинителството да не читаат „Фокус“, ние денес на адреса на Јавниот Обвинител, Љупчо Шврговски, доставуваме примерок од неделникот од 31 август 2012 година, каде е објавено интервјуто на Мите Јовановски.Со ова не постои евентуален изговор надлежните институции да продолжат да го игнорираат овој скандал.

Јавно Обвинителство има обврска да постапи по “допрен глас“ и по службена должност да превземе конкретни дејствија“, изјави Емилијан Станковиќ.

На Мите Јовановски во изминативе шест години му беше овозможено да купи неколку атрактивни локации за катни гаражи во центарот на Скопје, после неговото јавно признание за поткуп, Обвинителството, вели Станковиќ, дополнително треба да расчисти:

-Дали и кои функционери на ВМРО-ДПМНЕ му барале или земале мито на овој бизнисмен за да може непречено да се занимава со својот нафтен бизнис?

-Дали за да ги добие атрактивните градежни парцели во центарот на Скопје, Мите Јовановски морал да плати и рекет?

„Мите Јовановски е бизнисмен кој важи за близок до ВМРО-ДПМНЕ, а не глумец од “реално шоу“, што овие обвинувања ги прави многу сериозни.Затоа ја повикуваме власта наместо да измислува лаги од пред една деценија да ги отвори очите за вистина која им е пред носот“, побара СДСМ.

Би можело да ве интересира

Стјуарт Пич: Владата треба да покаже дека се справува со корупцијата

Горан Наумовски

Гир: Потребна е промена на системот за борба со корупцијата

Катерина Павлова-Николовска

Белгискиот европратеник Тарабела во притвор за корупцискиот скандал

Таравари: За влез во Влада сакаме директори на Царина, УЈП… или ништо од коалиција

Анита Петровска Рајковиќ

„Транспаренси интернешнал“: Западниот Балкан бавен во борбата против организираниот криминал

А1он

Рашковски: Ајде по процедури да видиме кој е корумпиран, а не со сила и од позиција на моќ

Горан Наумовски