„Standard & Poor’s“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава ББ- со стабилен изглед

Од:

Кредитната рејтинг агенција „Standard & Poor’s“ го потврди кредитниот рејтинг на Северна Македонија ББ- со стабилен изглед, соопшти Министерството за финансии.

dobivaj vesti na viber

Потврдата на рејтингот го рефлектира ставот на „Standard & Poor’s“ дека, и покрај острата економска контракција во 2020 година Северна Македонија има фискален простор да управува со јавните финансии. Ова се должи на поволните очекувања за раст на економијата на долг рок, стабилизирање на долгот на умерено ниво и пристап на државата до финансиските пазари.

Како резултат на директните и индиректните ефекти, од агенцијата очекуваат годинава контракција на македонската економија за 6%, по што во 2021 година ќе следи заздравување од 3,5%. Нивната оценка е дека светската економија годинава ќе има контракција од 3,8%, а еврозоната од 7,8%, каде што се лоцирани најголем дел од трговските партери на земјата.

Проекциите на кредитната рејтинг агенција се дека до крајот на годината државниот долг ќе изнесува 51% од БДП. Финансирањето на потребите, односно на проширениот дефицит како резултат на пандемијата и на обврските кои достасуваат, се обезбедени преку успешна емисија на еврообврзницата во износ од 700 милиони евра и заемите од ММФ од 176 милиони евра и од Европска комисија од 160 милиони евра. Со овие задолжувања државата има целосно обезбедено финансиски ресурси за 2020 година, при што агенцијата нотира дека ќе останат финансиски средства што ќе се префрлат за следната година.

Во извештајот се нотира и дека земјава добила зелено светло за почеток на преговори за членство во Европската унија и дека ова може да придонесе за интензивирање на спроведувањето на структурните реформи, а со тоа и развој на земјата. Исто така, генерално забележуваат подобрувања во политичката стабилност во земјава во последниве години, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

Бектеши: Се замрзнува маржата на лебот, шеќерот и зејтинот на 5%, а на брашното, макарони, ориз, кравјо млеко и јајца на 10% во трговија на големо и мало

Ана Ололовска

Битиќи и Лорковски: С. Македонија останува посветена на европскиот план за диверзификација и праведна транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија

Ана Ололовска

Бектеши: Сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, работниците ќе добијат 100% поголема дневница

Ана Ололовска

Битиќи од Кралството Данска: Јакнењето на вредносните ланци во регионот носи компетитивна предност за нашите земји

Ана Ололовска

Битиќи: Поедноставните регулативи и постапки кај царинските управи носат успешна економска соработка

Ана Ололовска

Бектеши во Софија: Историјата да се тргне настрана, да изнајдеме заеднички решенија во интерес на сите земји во регионот

Ана Ололовска