Стандард и Пурс го намали кредитниот рејтинг на Русија

Од:

Агенцијата Стандард и Пурс го намали кредитниот рејтинг на Русија на ЦЦ од ЦЦЦ минус поради тешкотии со отплата на долгот поради меѓународните санкции.

Агенцијата соопшти дека санкциите ги намалиле достапните девизни резерви на Русија и го ограничиле нејзиниот пристап до глобалниот финансиски систем.

– Иако изјавите на руското Министерство за финансии сугерираат дека Владата во моментов сè уште се обидува да ги исплати сопствениците на обврзници, мислиме дека отплатата на долговите што доспеваат во следните неколку недели би можеле да се соочат со слични технички тешкотии, се наведува во соопштението на Стандард и Пурс.

Додека агенцијата Фич и Мудис претходно изрази загриженост за способноста на Русија да ги исполни своите обврски и го намали кредитниот рејтинг на Русија за неколку степени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски