Стаменковска: Владата мора да го поништи тендерот кој што го доби фирмата „Фероинвест“ за да се отстранат сите сомнежи

Од:

Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ денеска рече дека Кочо Анѓушев својата работа како вицепремиер за 100 дена сака да ја наплати со 2,6 милиони евра пари на граѓаните и дека ја користи функцијата вицепремиер во владата на Заев за енормно да се богати, полнејќи ги своите сметки и сметките на своите фирми.

– Анѓушев се обидува преку државното претпријатие ЕЛЕМ да си додели тендер од 2.6 милиони евра на својата компанија „Фероинвест“. Доделувањето на тендерот од страна на државата чиј репрезент е Анѓушев, на компанијата „Фероинвест“, чиј сопственик е исто така Анѓушев е класичен пример за судир за интереси. Во конкретниов случај Анѓушев е заинтересирана странка и во двете страни од договорот. Ова е скандал и класичен пример за бандитизам и богатење со парите на граѓаните. Ваквиот бандитизам со парите на граѓаните е невиден во друга демократска држава и претставува класична злоупотреба на функцијата. Граѓаните се фрапирани од односот на Анѓушев со државните пари и имот, рече Стаменковска.

Таа додаде дека доколку Анѓушев има барем малку морал и чувство за одговорност, нема да чека и ќе си поднесе оставка од функцијата вицепремиер, бидејќи наместо да ги штити граѓаните и нивниот интерес, ги штити интересите на неговите фирми.

– Владата мора под итно да го поништи тендерот и да распише оглас за нов. Со тоа ќе ги отстрани сите сомнежи дека се работи за наместен тендер од страна на Анѓушев и Заев. Доколку „Фероинвест“ транспарентно го добила тендерот, ќе се откаже од истиот, со што ќе се отвори врата за повторување на тендерската постапка и ќе се отфрли сомнежот за влијание врз постапката. ВМРО-ДПМНЕ го повикува и надлежното Јавно обвинителство да отпочне постапка за утврдување на одговорност за тоа како се влијаело и под кои услови тендерот паднал во рацете на фирмата на Анѓушев, „Фероинвест“, рече Стаменковска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија