ССМ: Владата прави обид да заштеди со тоа што еден месец нема да ја корегира минималната плата

Од:

Сојузот на синдикатиите на Македонија бара Министерството за труд и социјална политика да ја корегира вчерашната објава во Службен весник во која е наведено дека висината на минималната плата во бруто–износ во Република Северна Македонија, започнувајќи од април 2023 година изнесува 29.739 денари.

ССМ смета дека „Владата прави обид да заштеди со тоа што еден месец нема да ја корегира платата на најсиромашните работници“.

Од Синдикатот во соопштението истакнуваат дека „се сериозно загрижени и изненадени од обидот на Владата преку Министерството за труд и социјална политика да ги манипулира најниско платените работници, тие кои всушност очекуваат грижа и заштита од државата која претендира да биде демократска, социјална и европски ориентирана“.

-Во Службен весник бр 58 од 16.3.2023 година е објавено дека висината на минималната плата во бруто–износ во Република Северна Македонија, започнувајќи од април 2023 година изнесува 29.739,00 денари. Оваа објава е спротивно на измената на член 4 од Законот за минимална плата направена со Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата службен весник бр. 41 од 24 февруари 2022 година со кој е уредено дека исплатата на ново утврдената висина на минималната плата ќе се врши со исплата на платата за месец март тековната година. На овој начин државата прави обид да заштеди со тоа што еден месец нема да ја корегира платата на најсиромашните работници и граѓани што е преседан во однесувањето на демократските системи и влади, наведуваат од ССМ во соопштение.

Но, дополнуваат, „благодарение на будноста на ССМ сметаме дека неправдата ќе биде исправена, укажуваме на потребата од корекција на објавата од страна на Министерството за труд и социјална политика објавена во Службен весник и нејзино усогласување со законските измени“.

-ССМ секогаш будно ќе следи и ќе биде коректор на лошите владини политики што прават штета на работниците, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори

ССМ: Срамно е во 21. век да се молиме за плата за месеци кои луѓето ги изработиле

Горан Наумовски

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

ССМ на протест пред Врховен суд поради одлуката со која се одзема Работничкиот дом

Синдикалната минимална кошница за март 58 998 денари, само за еден месец се зголеми за 1522 денари

Орце Костов

ССМ бара повторување на постапката за конфискацијата на Работничкиот дом, најавува и протести