ССМ: Субвенционирање на плати и во јуни, исплатата директно на сметка на работниците

Од:

Сојузот на синдикати на Македонија бара мерката за финансиска поддршка за исплата на плати да важи и за јунската плата, но овие пари да се исплаќаат директно на сметките на работниците.

Ваквото барање, како што појаснува ССМ во денешното соопштение, е поради тоа што во изминатиот период имало информации за злоупотреби, како и поради пријавите дека на работниците им се исплаќа помал износ на плата од она што работодавачите го добиле како финансиска помош, а на некои и воопшто не им се исплаќале плати.

– По укажувањето на ССМ за појави во одредени компании кога работодавачите иако добиле субвенции од државата во висина од 14.500 денари по работник за исплата на платата, на работниците им исплаќаат понизок износ на плата од она кое што го добиле како помош, а има и такви компании кои иако земале државна помош воопшто не исплатиле плати на работниците, Управата за јавни приходи информираше дека е во постапка на вршење на анализа на компаниите на кои им е исплатена финансиска поддршка и на податоците за пресметани и исплатени плати од нивна страна. За компаниите каде ќе бидат утврдени неправилности, Управата за јавни приходи по службена должност ќе ги достави податоците до Државниот инспекторат за труд и заеднички и координирано ќе постапува, се вели во соопштението од ССМ и се додава дека до УЈП има стигнато претставки за непочитување на оваа мерка.

Би можело да ве интересира

ССМ ќе бара враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори

ССМ: Срамно е во 21. век да се молиме за плата за месеци кои луѓето ги изработиле

Горан Наумовски

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

ССМ на протест пред Врховен суд поради одлуката со која се одзема Работничкиот дом

Синдикалната минимална кошница за март 58 998 денари, само за еден месец се зголеми за 1522 денари

Орце Костов