ССМ: Работодавачите на почетокот на месец јули да исплатат регрес за годишен одмор

Од:

Сојузот на синдикатите на Македонија бара работодавачите согласно Колективните договори да исплатат регрес за годишен одмор на почетокот на месец јули кога и најголем дел од работниците го исполнуваат условот за добивање регрес за годишен одмор со работење најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавач согласно Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

– Бараме и останатите работодавачи согласно Гранските или Колективните договори на ниво на работодавач да го сторат истото на почетокот на месец јули. Со оглед на можноста од користење на ваучерите за домашен туризам на сите граѓани кои ги исполнуваат условите кои ги додели Владата и исплатата на К-15, македонските работници особено оние со пониски примања ќе можат да си дозволат годишен одмор за своето семејство, а со тоа ќе бидат поддржани и туристичко-угостителски објекти низ државата кои во изминатиот период беа најпогодени поради нивното неработење, наведува ССМ.

ССМ апелира, работниците, средствата од ваучерите како и регресот за годишен одмор да ги искористат исклучиво во туристичко-угостителски објекти во кој има организирано синдикат и каде што не се кршат правата на оваа категорија на работници, а со тоа, како што велат, да придонесеме и спречиме, несовесни работодавачи да ги злоупотребат нашите пари и истовремено да ги кршат работничките права на нашите колеги.

Би можело да ве интересира

Синдикалната минимална кошница за март 58 998 денари, само за еден месец се зголеми за 1522 денари

Орце Костов

ССМ бара повторување на постапката за конфискацијата на Работничкиот дом, најавува и протести

ССМ поднесе барање до Судскиот совет за разрешување на тројцата врховни судии кои донесоа одлука за одземање на работничкиот дом

Судскиот совет добил претставка и постапува по одлуката на Врховен суд за зградата на ССМ

ССМ бара оставка од тројцата судии што ја донеле одлуката за одземање на зградата, најавуваат постапка и пред Судскиот совет

Трендафилов: Со „плата во плико“ работниците стануваат модерни робови