ССМ: На работниците да им се исплатат деновите кога нема да одат на работа, ако се затворат компании во Штип

Од:

Сојузот на синдикати на Македонија апелира до надлежните институции при носењето на евентуална одлука за затворање на текстилните компании во Штип да им бидат платени на работниците деновите кога нема да одат на работа.

Од работодавачите се бара да ги преземат сите мерки за заштита на здравјето на работниците, како на работните места, така и при организирањето на превозот на работниците од и до работните места, а од инспекциските служби се бара поажурно и навремено да ги преземаат сите законски мерки за спречување на ваквите појави.

– Потсетуваме дека правото на соодветна заработувачка определено во одредбата од член 32 став 3 од Уставот на Република Северна Македонија е економско право на работниците и никој неможе истото да им го скрати спротивно на Закон и Колективен договор. Согласно Законот за работните односи член 112, ст.1 „Работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот“, а согласно точка 9 од истиот член „Работодавачот е должен да му исплати на работникот надоместок на плата за денови и часови, колку што изнесува работната обврска на работникот на денот кога заради оправдани причини не работи, наведува ССМ.

Синдикатот ги охрабрува работниците синдикално да се организираат и да пријавуваат секакво кршење на работничките права, за да може да се спречат ваквите негативни појави во иднина.

Би можело да ве интересира

Синдикалната минимална кошница за март 58 998 денари, само за еден месец се зголеми за 1522 денари

Орце Костов

ССМ бара повторување на постапката за конфискацијата на Работничкиот дом, најавува и протести

ССМ поднесе барање до Судскиот совет за разрешување на тројцата врховни судии кои донесоа одлука за одземање на работничкиот дом

Судскиот совет добил претставка и постапува по одлуката на Врховен суд за зградата на ССМ

ССМ бара оставка од тројцата судии што ја донеле одлуката за одземање на зградата, најавуваат постапка и пред Судскиот совет

Трендафилов: Со „плата во плико“ работниците стануваат модерни робови