ССМ: ИТУЦ и ПЕРК со поддршка за спречување на 60 часовна работна недела

Од:

Во Сојузот на синдикатите на Македонија денеска се одржа состанок помеѓу високи претставници на Светската конфедерација на синдикатите (ITUC), од Пан-европскиот регионалниот комитет (ПЕРК) предводена од извршниот секретар за ИТУЦ/ ПЕРК, Антон Леппик и Ениса Салимовиќ со Иван Пешевски, потпретседател на ССМ за приватен сектор ,Слободан Трендафилов, шеф на кабинетот на Претседателот на ССМ и Лиле Петрова, советник за работни односи.

Како што информираат од ССМ, на состанокот претставниците од ИТУЦ-ПЕРК детално биле информирани за намерата на Владата за воведување 60 часовна работна недела и 12 часовен работен ден и била побарана брз реакција од нивна страна и осуда на одлуката.

-Од состанокот произлезе уште во текот на денот од страна на Светската конфедерација на синдикатите (ITUC) да биде доставено писмо до Владата, Собранието и Министерството за труд и социјална политика со кое ќе им се укаже на креаторите на политиките дека со ваквата намера се повредуваат низа акти, правила и конвенции на штета на работниците, а во интерес на поединци, информира ССМ.

Се надеваат на поддршка и од Европската конфедерација на синдикатите (ETUC), и Европската (EFBWW) и Светската конфедерација на синдикатите за градежништво и шумарство (BWI).

Би можело да ве интересира

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори

ССМ: Срамно е во 21. век да се молиме за плата за месеци кои луѓето ги изработиле

Горан Наумовски

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

ССМ на протест пред Врховен суд поради одлуката со која се одзема Работничкиот дом

Синдикалната минимална кошница за март 58 998 денари, само за еден месец се зголеми за 1522 денари

Орце Костов

ССМ бара повторување на постапката за конфискацијата на Работничкиот дом, најавува и протести