ССМ бара минималната плата да биде во висина од 60 проценти од просечната

Од:

Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) покажуваат дека согласно критериумите за усогласување на минималната плата во март годинава, таа би требало да се усогласи за 3,17 проценти. Но, од Синдикатот сметаат дека тоа не е доволно и бараат минималната плата да се зголеми во висина од 60 проценти од просечната плата и таа да не изнесува помалку од 16.976,00 денари. Дополнително, нагласуваат од ССМ, тоа би значело и спирално зголемување на останатите плати.

– Минималната нето плата сега изнесува 14.955,00 денари, зголемена е кога даночното ослободување во јануари се зголеми и минималната плата од 14.934,00 денари се зголеми за 21,00 ден. Со ова усогласувањето во март 2021 година нето минималната плата ќе порасне нето за 446 денари (15.401), додека бруто минималната плата сега изнесува 21.776,00 денари. Со ова усогласување бруто минималната плата ќе порасне за 690 денари (22.466,00), велат од ССМ.

Оттаму додаваат дека просечната нето плата за декември 2020 изнесувала 28.294,00 денари, а минималната нето плата ќе изнесува 15.401,00 денари и со минималната плата ќе се покрива 54,43 проценти од просечната плата.

Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека ваквото покачување на минималната плата не е доволно со оглед на тоа што во изминатиот период, македонскиот работник само за лекување поради заболување или изолација од Ковид-19 имаше зголемен трошок за витамини и лекарства за најмалку 6.000 денари месечно, а тука се и зголемените цени на сите производи кои се неопходни за едно четиричлено семејство.

– Од овие причини, апелираме минималната плата да се зголеми во висина од 60 проценти од просечната плата и истата да не изнесува помалку од 16.976,00 денари. Дополнително потсетуваме дека зголемувањето на минималната плата треба да значи и спирално зголемување на останатите плати во сите сектори и дејности за сите работници, а потсетуваме дека не е законски работодавач да исплаќа плата само во висина на минималната плата на работник, доколку истиот има минат труд, работи во смени, работел прекувремено, работел во празник итн., велат од ССМ.

Од Синдикатот потсетуваат дека согласно законските решенија исплатената висина на минималната плата во бруто износ за претходната година се усогласува во март секоја година со една третина од порастот на просечно исплатената плата во земјата, една третина од порастот на индексот на трошоците на живот и една третина од реалниот пораст на бруто домашниот производ за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.

Би можело да ве интересира

Синдикалната минимална кошница за март 58 998 денари, само за еден месец се зголеми за 1522 денари

Орце Костов

ССМ бара повторување на постапката за конфискацијата на Работничкиот дом, најавува и протести

ССМ поднесе барање до Судскиот совет за разрешување на тројцата врховни судии кои донесоа одлука за одземање на работничкиот дом

Судскиот совет добил претставка и постапува по одлуката на Врховен суд за зградата на ССМ

ССМ бара оставка од тројцата судии што ја донеле одлуката за одземање на зградата, најавуваат постапка и пред Судскиот совет

Трендафилов: Со „плата во плико“ работниците стануваат модерни робови