ССК: Штетите евидентни, целата ситуација лош сигнал за инвеститорите

Од:

Штетите на бизнисмените од спуштањето на рампата на македонско-косовската граница се евидентни и на македонска и на косовска страна и тоа ќе го почувствуваат компаниите, оценуваат од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

Се надеваат дека наскоро ќе биде надминат спорот и оти штетите нема да бидат големи, но нагласуваат дека целата ситуација е лош сигнал за странските инвеститори.

–  Веќе се прават одредени пресметки, но во моментот не би сакал да шпекулирам со конкретни бројки. Тоа ќе зависи од времетраењето на воведеното еднострано ембарго од косовската страна. Веќе е најавено дека во следните 48 часа ембаргото ќе се симне на производи од Македонија за увоз во Косово. Се надеваме дека така и ќе биде, а тоа се совпаѓа и со 15 септември кога и Македонија треба да ја укине мерката за условен увоз на брашно. Така што сметаме дека односите ќе се регулираат и оти штетите нема да бидат толку големи затоа што станува збор за одредени производи кои би можеле да седат на залиха една недела, изјави денеска Митко Алексов, извршен директор на ССК.

Одговарајќи на новинарско прашање, Алексов оцени дека сето она што се случува е лош сигнал за странските инвеститори затоа што секој инвеститор сака слободен проток на стока и капитал.

–  Сите сме многу мали земји така што кој и да било странски инвеститор не таргетира како регион. Во случај некој веќе да донел одлука или да планирал инвестиција во Македонија, Косово, Албанија или во Србија, сметам дека ќе подзастане со инвестицијата или ќе ја одложи што ќе претставува штета за стопанствата на нашите земји. Ние треба да докажаме и да покажеме дека овде постои поволна бизнис клима и можност за слободен проток на стока, луѓе и капитал, нагласи Алексов.

Границата меѓу Македонија и Косово на премините Блаце и Јажинце веќе четврти ден е блокирана откако Косово изминатиот викенд воведе забрана за увоз на македонски производи, на што македонските власти одговорија со наплаќање на такси за влез на косовските граѓани и возила.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Стопанската комора со сет барања за дополнителна поддршка на домашниот агросектор

Стопанска комора ќе бара од ЕУ да ги пролонгира роковите за одредени стандарди и регулативи кај бизнисот

Горан Наумовски

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити