ССК: Повеќе пракса за студентите за полесно да се вработуваат

Од:

Компаниите бараат во високото образование покрај теоријата да се воведе и пракса, односно студентите да се стекнат со поголеми практични искуства за да може полесно да се снаоѓаат при вработувањето.

dobivaj vesti na viber

Ова го предлагаат бидејќи се соочуваат со недостиг на квалификуван високообразовен кадар кој за релативно кратко време може да се вклучи во работата на компанијата.

– Многу често компаниите се соочуваат со дополнителен трошок за доедукација на кадарот кој планираат да го вработат, а сметаме дека тоа треба да биде задача на образовниот систем. Така квалификуваниот кадар со адекватно знаење и вештини ќебиде поконкурентен на пазарот на труд, побрзо ќенајде работа, повеќе ќе биде платен, а работодавачот ќе биде поттикнат дополнително да го мотивира за да го задржи во својата компанија, изјави денеска извршниот директор на Сојузот на стопански комори Митко Алексов.

Тој додаде дека како компании се подготвени да дадат свој придонес во практичниот дел.

Би можело да ве интересира

Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата е постојано во тек

А1он

Сојузот на стопански комори потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Република Чешка

А1он

Стопанска комора: Мерките кои се носат да не го нарушат оперативното работење на компаниите

А1он

Аркан Керим е нов претседател на Tуристичко-угостителска комора

А1он

Сојузот на стопански комори ќе добие тројца нови потпретседатели

Ана Ололовска

ССК: Новиот Закон за електричен отпад наметнува нереално зголемени давачки за претпријатијата

Ана Ололовска