ССК: Намалените казни за компаниите ќе ги подобрат условите за работа

Од:

Усвоените измени на законите за прекршоци, за општа управна постапка и за парнична постапка, со кои се намалуват казните за компаниите, ќе ги подобрат условите за работа, оцени денеска Сојузот на стопански комори.

Иницијативата на ССК за намалување на казните кои беа закана за опстојувањето на бизнисите, соопштува ССК, е дел од мерките за унапредување на деловното опкружување доставени до Владата на Република Македонија во 2013 година.

– Со измените во Законот за прекршоци, покрај промените во намалување на глобите се предвидува и воведување можност за опомена со што се остава простор за едукација на стопанствениците кои недоволно ја познаваат регулативата во насока на отстранување на недостатоците. Веруваме дека измените на Законите за прекршоци, за општа управна постапка и за парнична постапка, што ги донесе Собранието со двотретинско мнозинство, во многу елементи ќе ги подобрат условите за работа на стопанските субјекти, изјави Данела Арсовска, претседател на ССК.

Со воведување на принципот на нивелирање на санкциите согласно економската моќ на субјектите, како вкупни приходи, број на вработени, како и примена на информативна, едукативна, па дури потоа санкциона функција ССК сметаат дека во голема мера компаниите ќе чувствуваат помал притисок при спроведување на одредени законски процедури.

Би можело да ве интересира

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити

Ангелоски: Секое замрзнување на цените има консеквенци, ние преферираме слободен пазар

Ана Ололовска

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Сојузот на стопански комори 18 години репрезентативен глас на македонскиот бизнис

Ана Ололовска

ССК: Потребна е сериозна државна поддршка за справување со енергетското цунами

Ана Ололовска