ССК договара зајакнување на соработката со турски бизнисмени

Од:

Градежништвото, текстилната и кондиторската индустрија во Македонија се со најголеми можности за инвестиции  од турски бизнисмени и за поголема соработка.

Тоа е констатирано на средбите на  раководствата на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) со турски конфедерации и асоцијации на бизнисмени,  реализирани  во тек на престојот на  83. меѓународен саем во Измир.

Претседателот на ССК Данела Арсовска потпиша меморандуми за соработка со претседателот на Конфедерацијата на бизнисмените и индустријалците на Турција – ТУСКОН, Ризанур Мерал и со претседателот на Асоцијацијата на бизнисмени ТУМСИАД, Измир, Мехмед Цејлан.

– На бизнис средбата помеѓу ССК и делегацијата на ТУСКОН, најмоќната бизнис организација во Турција со претставништва ширум светот, беше истакнато дека најголем интерес за инвестиции и зацврстување на македонско-турската соработка постои во секторот градежништво. За таа цел, во октомври годинава се очекува бизнисмени од Турција да ја посетат нашата земја, а во ноември нашите компании ќе имаат можност да се претстават на бизнис форум во Измир, Турција, соопшти денеска Сојузот на стопанските комори на Македонија.

На средбата со бизнисмените од ТУМСИАД, пак, се разговарало за можностите за соработка помеѓу македонските и компаниите од Турција, во текстилната и кондиторската индустрија.  Во тек на престојот на делегацијата на ССК во Измир треба да биде потпишан меморандум за соработка и со Асоцијацијата на млади бизнисмени на Турција, ТУГИАД.

Би можело да ве интересира

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити

Ангелоски: Секое замрзнување на цените има консеквенци, ние преферираме слободен пазар

Ана Ололовска

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Сојузот на стопански комори 18 години репрезентативен глас на македонскиот бизнис

Ана Ололовска

ССК: Потребна е сериозна државна поддршка за справување со енергетското цунами

Ана Ололовска