Српска стопанска комора: Mакедонските и албанските компании бесплатно да го користат Бизнис хабот на Експо Дубаи

Од:

Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж денеска разговараше со претставниците на Албанија и Северна Македонија и ги посети нивните павилјони на Eкспо 2020 Дубаи. Чадеж ги повика бизнисмените и компаниите од Северна Македонија и Албанија да како членки на иницијативата Отворен Балкан, целосно бесплатно да го користат Бизнис хабот на Србија, со сета поддршка и помош во договорите за нови бизниси со партнери не само од ОАЕ, туку и од целиот свет, јави дописникот на МИА од Белград.

dobivaj vesti na viber

-На располагање имате 600 квадратни метри работен простор во Слободната зона Дубаи Југ, каде што работат голем број големи светски компании, од Икеа до најголемите светски производители. Ние ќе ви обезбедиме услови да се претставите, да се поврзете, да организирате B2B состаноци, во текот на сите шест месеци на Светската изложба Ехпо 2020 Дубаи. Ги повикувам бизнисмените од Северна Македонија и Албанија да го користат Бизнис хабот како свој. Ова е дел од заедничката иницијатива „Отворен Балкан“ и само на тој начин можеме да бидеме посилни, кажа Чадеж, се наведува во соопштението на ПКС.

Во разговор со Бекри Ајдини, генералниот комесар на Северна Македонија на Експо 2020 Дубаи Чадеж ја истакна важноста од учеството на нашите земји на оваа најголема светска изложба.

-На оваа изложба учествуваа повеќе од 350 бизнисмени од Србија, некои веќе склучија договори за нови бизниси и ги поканувам сите компании од Северна Македонија да ги искористат сите можности што ги дава нашиот Бизнис Хаб, ние сме тука да помогнеме да организираме состаноци, ќе ставиме на располагање се што ќе ви биде потребно. Бидејќи ние сме еден регион, една економија, еден пазар, кажа Чадеж.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија на историски максимум на резерви на природен гас

Ана Ололовска

Во Србија во тек консултации за премиер на новата Влада

А1он

Читаку: Не ширете страв и паника – нема да има војна во Косово

Ана Ололовска

Во Србија реално петпати е поголем бројот на заразени со коронавирусот

Ана Ололовска

Петковиќ: Изјавите на Курти дека ЗСО никогаш нема да се формира поттикнуваат на војна

Ана Ололовска

Брнабиќ: Името на новиот премиер ќе биде познато за седум до осум дена

А1он