Средба на вицепремиерот Пешевски и министерката Јанкулоска со баронесата Френсис Д’Суза

Од:

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и министерката за внатрешни работи на Република Македонија Гордана Јанкулоска, остварија средба со баронесата Френсис Д’Суза, Лорд Спикер на Домот на лордовите во Британскиот Парламент.

За време на средбата се констатирани oдличните политички и економски односи кои постојат помеѓу двете земји, а кои во континуитет бележат значителен развој.

Остварувањето на постојани контакти помеѓу високи претставници од Република Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, стои во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот, нуди можност за продлабочување на соработката помеѓу земјите, особено за интензивирање на солидните трговски односи.

На средбата било разговарано за значајноста на поддршката за реализацијата на стратешките определби на Република Македонија за полноправно членство во Европската унија и во НАТО. Притоа станало збор и за можностите за унапредување на економската соработка.

Министерката Јанкулоска изразила задоволство од досегашната соработка со Велика Британија во областа на безбедноста. Според неа, високата доверба помеѓу безбедносните институции и континуираната размена на информации покажува дека Република Македонија прерасна во достоен и релевантен партнер на службите и оти се отвара простор за понатамошно продлабочување на соработката. Таа се заблагодарила за поддршката и помошта од страна на Велика Британија и истакнала дека со сите досегашни меѓународни акции и операции во областа на борбата против тероризмот и останатите видови транс национален криминал ја вбројуваат Македонија меѓу земјите кои без дилема се ставаат на страна на мирот и борба против криминалот.

Вицепремиерот Пешевски ги истакнал заложбите на Владата за креирање поволна и конкурентна бизнис клима и ги презентираше погодностите за инвестирање за домашните и странски компании. Британската компанија „Џонсон Мети“, која во 2012 година започна со изградба на втора фабрика во индустриската зона Бунарџик, беше посочена како успешен пример за британска инвестиција во Македонија.

За време на средбата вицепремиерот Пешевски нагласил дека Велика Британија е значаен трговски партнер, кој постојано се наоѓа на листата на 20-те земји со кои имаме најголем обем на трговска размена и изразил желба за понатамошно унапредување на економските односи помеѓу двете земји.

Трговска размена помеѓу двете земји бележи континуиран раст, така што во првите седум месеци од оваа година вкупната трговска размена изнесува 452 милиони американски долари.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата