Средба на Бесими и Битиќи со Фрагогианис: Работиме на зајакнување на економската соработка и зголемување на инвестициите со Грција

Од:

Зајакнување и унапредување на економската соработка помеѓу Македонија и Грција, при што двете страни ќе работат на зголемување на трговската размена, зголемување на инвестициите како и потпишување договори коишто ќе ги подобрат позициите на фирмите, беа темите на коишто се дискутираше на средбата помеѓу вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими со заменик-министерот за економска дипломатија на Грција, Костас Фрагогианис, којашто се одржа денеска во Скопје.

На средбата беше истакнато дека во услови на пандемија клучно е зголемување на економската соработка со соседните земји, како и преземање заеднички чекори коишто ќе имаат импакт врз создавање услови за забрзан раст на економијата. Соработката и пријателството меѓу двете земји се зајакнуваат. Се работи на проекти кои се од капитална вредност за двете држави кои ќе донесат квалитет на животот за нашите граѓани кои го заслужуваат.

„Инаку, трговската размена со Грција годинава бележи раст од 25,4 проценти во однос на минатата година. Годинава во периодот од јануари до јуни трговската размена достигна близу 400 милиони евра. Додека странските директни инвестиции од 2017 година до сега изнесуваат 89,6 милиони евра.

На средбата се дискутираше и за тековните и идни проекти. Како еден од позначајните проекти беше истакнат проектот за изградба на интерконективниот гасовод од Неготино до границата со Грција, инвестиција која чини 58 милиони евра“, информираат од Министерството за финансии.

Од Министерството велат дека Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој изразиле интерес за доделување заеми со државна гаранција за финансирање на овој проект. Одборот на директори на Европската инвестициска банка во јули 2021 година одобрил финансиски средства во износ од 29 милиони евра за реализација на овој проект.

„Од ВБИФ се добиени грант средствата за инвестиции во износ од 9,9 милиони евра кои ќе бидат наменети за финансирање на градежните работи и грант средства во износ од 2,7 милиони евра ќе бидат наменети за техничка помош при имплементација на проектот (надзор, управување со проектот), подобрување на комуникацијата и видливоста на проектот, како и за евалуација и ревизија на проектот. Европската банка за обнова и развој прифати да додели заем од околу 19 милиони евра за затворање на финансиската конструкција“, велат од Министерството.

Би можело да ве интересира

Бесими: Иновативни начини за финансирање на инвестициите во јавниот и приватниот сектор преку Планот за забрзан економски раст

А1он

Бесими – Светска банка: Поздравен Планот за забрзан економски раст

Ана Ололовска

СЕФФ прераснува во форум на размена на идеи – Препораките од Конференцијата, прифатени од Владата, ќе се преточуваат во стратешките документи

А1он

Бесими: Десетгодишна структурна обврзница за фискална консолидација на општините

Ана Ололовска

МФ ја заокружи Првата годишна конферeнција, која станува традиција – пораките ќе бидат прeточени при креирање на политиките и приоритетите

А1он

Министерството за финансии утре и задутре домаќин на конференцијата „Економско заздравување и раст по Ковид“

Ана Ололовска