Средба Бочварски – Закоњшек за унапредување на транспортниот систем во земјава

Од:

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска одржа работна средба со директорот на постојаниот Секретеријат на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, на средбата се разговараше за инвестициите во патната и железничката инфраструктура финансирани од ЕУ, како и од други меѓународни финансиски институции.

– Акцент на средбата беше ставен и на подигнување на безбедноста на патиштата. Министерот Бочварски ги презентираше проектите што ги реализира Министерството за транспорт и врски за зголемување на безбедноста, посебно на патниот Коридор 10. Се отвори и прашањето за значењето и модернзација на патните и железничките гранични премини со земјите членки на ЕУ, во насока на забрзување на протокот на патници, стоки и услуги, информира Министерството.

Директорот на Секретаријатот, Закоњшек, го покани министерот Бочварски да учествува на Министерскиот состанок кој ќе се одржи во јули во Брдо кај Крањ, Словенија.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска