Средба Битиќи – Сахакјан: Активна е соработката на Владата со УНДП во спроведување на проекти за Целите за одржлив развој и Агендата 2030

Од:

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со постојаната претставничка на Развојната програма на Обединетите Нации (УНДП) во нашата земја, Нарине Сахакјан, со која разговараа за тековните проекти кои се спроведуваат со меѓусебна соработка, како и за намерите на Владата за унапредување на соработката, особено во проекти за побрз и одржлив развој на економијата.

Од Кабинетот на Битиќи соопштија дека постојаната претставничка на УНДП упатила срдечни честитки за изборот на Битиќи за вицепремиер во Владата и ги искажала своите очекувања дека успешната соработка која ја имаат уште од претходно, ќе продолжи и понатаму, со реализација на успешни проекти кои ќе значат создавање на општество без сиромаштија, поголема грижа за живтната околина, справување со климатските промени и создавање услови за креирање подобри работни места за сите граѓани.

– На состанокот се дискутираа повеќе конкретни теми, директно поврзани со исполнување на целите за одржлив развој од Агендата 2030, како што се соработката на спроведување на проекти за енергетска ефикасност, заштита на животната средина и справување со климатски промени, но и за креирање работни места кои би одговориле на потребите на современото општество и дигителазацијата на индустријата и сите други процеси во економското живеење, информираа од Кабинетот на Битиќи.

Битиќи посочил дека Владата има цврста намера да креира Платформа за економски развој, со која ќе се планира економскиот развој на среден и долг рок, а со која ќе треба да се овозможи побрз и одржлив економски развој. Сите чинители во економскиот живот, вклучително и странските партнери и донатори, како што е и УНДП, ќе земат активно учество во креирањето на Платформата.

– Поддршка на старт ап компании и креирање на работни места кои ќе одговорат на потребите на дигиталната ера, но и ќе се однесуваат на енергетската ефикасност и успешно справување со климатските промени, ќе бидат високо на листата на приоритети на Владата за време на мандатот, рече вицепремиерот, посочувајќи дека целта е нашето општество и економијата да фатат чекор со развиените земји и да се подигне конкурентноста на компаниите, особено на микро, малите и средни претријатија да освојуваат, нови странски пазари.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов