Средба на Бесими со поранешните министри за финансии

Од:

Поранешните министри за финансии, вчера во Министерството за финансии се состанаа со министерот за финансии Фaтмир Бесими во рамки на Скопје Економскиот Финансиски Форум. Цел на средбата е да се искористи нивното искуство и знаење при конципирање на програмските цели на СЕФФ.

Целта на СЕФФ е да ги поттикне сите чинители да понудат решенија кои ќе бидат добар одговор на предизвиците со кои се соочуваме, но и на она што доаѓа по нив, а поранешните министри за финансии со нивното искуство значајно ќе придонесат за тоа.

Платформата СЕФФ, која е замислена да функционира за дијалог на економски и финансиски теми, Министерството за финансии ја иницираше минатата година. Во рамки на СЕФФ на крајот на овој месец ќе се одржи втората Годишна конференција на тема „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“. Фокусот ќе биде на макроекономски предизвици во турбулентни времиња, отпорност, конкурентност и регионална соработка, енергија, зелена транзиција и инфраструктура, и што по кризата: двигатели за одржлив раст.

Покрај истакнатиот нобеловец Пол Кругман, меѓу потврдените учесници на Конференцијата, се повеќе истакнати економисти, високи претставници на меѓународни финансиски институции, министри за финансии, гувернери…, кои ќе ги образложат своите гледишта и ќе дебатираат на една од осумте панел-дискусии на СЕФФ2022.

Би можело да ве интересира

Бесими: Во време на глобални кризи остануваме посветени на реформската агенда, поддршката од ЕБОР значајна за нашите приоритети

А1он

МФ: Јавниот долг во услови на криза намален на 57,1% од БДП, на ниво под мастришкиот критериум

А1он

Бесими на Делфи форумот во Грција: Владата досега реализираше мерки во вредност од 615 милиони евра за амортизирање на ценовниот шок

А1он

Сообраќајка пред Владата, министрите Бесими и Бектеши биле во едно од возилата кои се судриле

А1он

Бесими: Учеството на стопанските комори има важна улога во процесот на унапредување на економските односи меѓу двете држави

А1он

Бесими: Не се предвидени нови даноци, Буџетот за 2022 е проектиран на постојниот даночен систем

А1он