Средба Бесими – Фрагогијанис: Со заеднички чекори ќе ја зајакнуваме економската соработка меѓу двете земји

Од:

РС Македонија и Грција со заеднички чекори ќе работат на унапредување на економската соработка и трговската размена, како и заштита на инвестициите. Ова е заклучокот од средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со заменик-министерот за економска дипломатија на Република Грција Костас Фрагогијанис, кој е во посета на РС Македонија.

На средбата беа истакнати приоритетните проеки на кои се работи меѓу двете земји, во областа на инфрастуктурата и енергетиката, напредокот во активностите за потпишување билатерален договор за поттикнување и реципрочна заштита на инвестициите и договор за одбегнување на двојното оданочување, како и за процесот на пристапување на РС Македонија во ЕУ.

Владата на РС Македонија презема активности за реализација на проектот за изградба на интерконективниот гасовод до Грција проценет на 57,8 милиони евра и за што веќе се обезбедени средства од Европската инвестициска банка во износ од 28,9 милиони евра, од ВБИФ се добиени грант средства во износ од 9,9 милиони евра кои ќе бидат искористени за финансирање на градежните работи, а грант средства во износ од 2,6 милиони евра ќе бидат наменети за техничка помош во спроведувањето на проектот подобрување на комуникацијата и видливоста на проектот, како и евалуација и ревизија на проектот. Преостанатите 16,5 милиони евра ќе се обезбедат од ЕБОР за што Владата во наредниот период ќе поднесе посебен Предлог-закон за гаранција.

Проектот за изградба на гасоводот е еден од најприоритетните проекти со стратешко значење за нашата земја, а неговата реализација ќе обезбеди стабилност во снабдувањето со енергија, пред сè во индустријата, што ќе придонесе за обезбедување забрзан и одржлив економски раст и подобар квалитет на живот за граѓаните.

Исто така, со финансиски средства од ИПА фондовите во тек е проектот за модернизација на граничните премини меѓу РС Македонија и Грција, кој ќе придонесе за поголема функционалност, забрзан проток и зголемен квалитет на услугите за корисниците на граничните премини.

Инаку, трговската размена со Грција бележи раст од 48,7 проценти за периодот јануари – ноември 2021 во однос на истиот период минатата година, со остварена вредност од 838,8 милиони евра. Странските директни инвестиции од 2011 до сега изнесуваат 152,4 милиони евра.

Би можело да ве интересира

МФ: Граѓаните од денеска ќе можат да аплицираат за субвенциониран кредит од проектот „Купи куќа, купи стан“

Ана Ололовска

Бесими – Улман: Швајцарија, еден од најголемите развојни партнери на РС Македонија, се зајакнува економската соработка

Ана Ололовска

Средба на министерот Бесими со првиот човек на ММФ Кристалина Георгиева: ПЛЛ се доделува на земјите со добри економски политики

Ана Ололовска

Министерот Бесими на средби во Светска банка: Oдговор на влијанието од енергетската и ценовната криза, но и фокус кон натамошен долгорочен развој

Ана Ололовска

МФ: Се отвора финансискиот пазар за нови даватели на услуги, нови услуги, пониски трошоци и заштита на потрошувачите

Ана Ололовска

Средба на министерот за финансии со Мисија на СБ: Подготвуваме решенија за инвестиции на компаниите во зелена и дигитална трансформација

Ана Ололовска