Средба Аранитаси ‒ Ангеловска-Бежоска: Транспарентноста и успешното работење на Народната банка предуслови за поволен економски амбиент

Од:

Ценовната и финансиската стабилност се предуслов за економскиот развој и обезбедуваат простор што треба да се искористи од другите носители на политики за остварување структурни реформи што ќе придонесат за стабилен и долгорочен економски раст. Притоа, успешното работење на Народната банка е клучно за македонската економија. Ова се докажа особено од почнувањето на корона-кризата наваму, кога се потврди дека капацитетот што го има изградено Народната банка ѝ овозможи навремено и ефикасно да дејствува во рамките на својот мандат, за да ја поддржи економијата во справувањето со ефектите од кризата. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) преку своите проекти дополнително овозможува поддршка за создавање поволни услови за економско закрепнување.

Ова беше истакнато на работната средба меѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и Анди Аранитаси, претставник на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Република Северна Македонија.

На средбата, како што соопштија од Народната банка, меѓу другото, беа разгледани и согледувањата на Народната банка за состојбите во економијата, согласно со проекциите. Притоа, уште еднаш беше потврдено дека ќе продолжи поддршката на ЕБОР за македонската економија, преку повеќе форми на кредитна поддршка за корпоративниот сектор, за што од голема важност е соработката и комуникација со Народната банка, чии проекции се клучни за согледувањата на меѓународната јавност, вклучително и инвеститорите.

На средбата, гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна подетално на последните макроекономски проекции и очекувањата за економијата за претстојниот период. Најновите очекувања за економскиот раст се непроменети во однос на априлските проекции, при што во согласност со вградените претпоставки за надворешното окружување и домашните фактори, во оваа и следната година економската активност би растела со идентична стапка на раст од 3,9 отсто и постепено би достигнала стапка од четири отсто, на среден рок. Кредитната активност на банкарскиот систем и натаму е еден од важните фактори за поддршка на економскиот раст. Во периодот на проекциите се очекува солиден кредитен раст, којшто оваа година ќе изнесува 7,1 отсто и постепено ќе забрза достигнувајќи околу осум отсто на среден рок. Слични се очекувањата и за движењето на депозитите во периодот на проекциите, како главен извор на финансирање на банките. Како што истакна Аранитаси, слични се и проекциите на ЕБОР според кои се очекува раст на македонската економија од четири отсто оваа и наредната година.

ЕБОР е присутна подолг временски период во Република Северна Македонија, при што нејзините активности се насочени главно кон зајакнување на конкурентноста на македонската економија, како и зајакнување на регионалната интеграција и приближување кон стандардите на ЕУ. Покрај тоа, ЕБОР преку своите проекти и активности се стреми кон унапредување на пазарот на капитал во домашната економија и негово регионално поврзување, заради ефикасна распределба на финансиските средства. ЕБОР исто така презема и активности, односно поддржува и проекти за транзиција на македонската економија кон модел којшто овозможува позитивни ефекти врз животната средина. Оттука, дел од проектите се насочени кон зголемување на ефикасноста во користењето на ресурсите и користење одржливи енергетски извори, стои во соопштението од Народната банка.

Би можело да ве интересира

Средба со Мисијата на ММФ: Народната банка со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста

Ана Ололовска

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2023 година

Ана Ололовска

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек

Горан Наумовски