Србија продава имот за да се спаси од банкрот

Од:

Српската влада има обврска до крајот на годината да собере 2 милијарди евра за да избегне банкрот, бидејќи со последните пресметки, со овој дефицит државата нема да може да обезбеди средства за испалта на плати на јавната администрација и пензии.

Се работи за обврски кон 2,3 милиони вработени во јавната администрација и пензионери. Бидејќи не е сигурно дека Русија и уште неколку други земји, ќе ги одобрат ветените позајмици, кои српската влада ги бара од нив, ниту пак дали истите ќе бидат доволни, Министерот за финансии Млаѓан Динкиќ, најави можност за продажба на компании и друг имот кои се во сопственост на државата.

Тоа на почетокот на месецот, на српската влада и го препорача и мисијата на ММФ. Мисијата предложи продажба на српскиот Телеком, една од најпрофитебилните компании со годишна заработка од 130 милиони евра, како и продажба на белградкиот аеродром „Никола Тесла“ кои има монополска положба.

За Владата прифатлива е продажба на Телекомот, иако таа компанија според државните пресметки е “кокошка која несе златни јајца“, но сосема е неприфатлива понудата за продажба на аеродромот кој оваа година ќе опслужи 3,5 милиони патници. Аеродромот и Електродистрибуцијата се единствените компании од кои српската владата не планира да се откаже.

Српската влада нема во предвид друга компанија која би била магнет за странските инвеститори. Според нив ниту за српскиот Телеком не може да се постигне поволна цена. Иако имотот кој е во раце на државата се проценува во вредност од 180 милијарди евра, голем дел од енго претставува “мртов капитал“, бидејќи со развојот на економската криза, значително е паднато интересирањето за изнајмување на станови и вили во државна сопственост.

Министерот Диникиќ изјави дека во предвид за продажба доаѓаат и компании кои имаат конкурентност на пазарот, но кои не успеале да фатат чекор со времето, алудирајќи на Јат ервејс, Петрохемија.

За следната недела најавен е разговор со неименувана руска компанија околу превземање на смедеревската железарница.  Владата во меѓувреме подготвува закон според кој финансирањето на државните компании ќе се ограничи до 2014-тата година. Компаниите кои до тогаш нема “да застанат на нозе“, ќе бидат ставени во стечај. на тој начин ќе се прекине досегашната пракса споре дкоја компаниите ќе добиваат субвенции од државата и ќе бидат заштитени “како бели мечки“.

Со обврската да обезбеди 2 милијарди евра, за да ја пополни буџетскаат дупка, српската влада настојува да обезбеди средства кои би ги вложила во изградба на инфраструктура. Досегашните искуства покажуваат дека за странските вложувачи пресудна е добрата инфраструктура.  Бидејќи сите фабрики се “наредени“ поред постоечкиот автопат, Владата планира да ја премрежи целата држава со нови автопати. За тие потреби Србија доби кредит од 300 милиони од азербеџанската влада, а најавен е и договор со кинеската банка Еским за кредит вреден 850 милиони долари.

 

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов