Србија: Државата ќе покрива најмалку четвртина од трошоците за снимање филмови и серии

Од:

Српската Влада донесе Уредба за поттикнување инвеститори во државата да произведуваат аудивизуелни дела чија цел е „да се зголеми бројот на реализирани филмски проекти во Србија, да се поттикне создавање кинематографски дела и да се промовира потенцијалот на Србија во таа област“.

Предвидено е државните средства за поттикнување за снимање игран, документарен, анимиран, наменски, телевизиски филм или серија да бидат распределени во висина од 25 проценти од трошоците со намера да се ублажат економските последици врз аудиовизуелната продукција во Србија.

За аудиовизуелно дело за кое буџетот за производство надминува пет милиони евра, ќе бидат издвоени средства за поттик во износ од 30 проценти од трошоците.

Право за средства за поттикнување може да се оствари за производство на игран филм, ТВ филм и документарен филм во траење од најмалку 70 минути и анимиран филм наменет за прикажување, што трае најмалку пет минути, потоа за ТВ серија од најмалку три епизоди, под услов епизода да трае минимум 40 минути.

Стимулативни средства ќе бидат доделени врз основа на постојано отворен јавен повик објавен од Министерството за култура на Србија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов