СОЗР: ВМРО-ДПМНЕ манипулира, одговорно набавуваме и не повеќе од потребното

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ со манипулации, неосновани конструкции и шпекулации, сака да ја доведе јавноста во заблуда. Неточни се наводите дека набавките се однесуваат само на Владата, истите се однесуваат на сите институции: Собрание, Влада и Претседател. Што се однесува до самите договори, станува збор за рамковни договори кои се однесуваат на потребите на сите овие институции. Потоа, преку тековните набавки кои се реализираат во рамки на тие рамковни договори се нарачуваат потребните количини“, се вели во реакцијата на Службата за општи и заеднички работи на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Исто така треба да се има предвид дека проценетите вредности на рамковните договори се исти со години наназад, иако малопродажните цени се далеку повисоки, што говори за определбата за домаќинско економско работење.

Владата на Република Северна Македонија, во време на криза им наложи на сите институции да ги рационализираат ресурсите и потребите, и да се придржуваат кон насоката за максимално елиминирање на непродуктивните трошоци. Една од основните определби на Владата е за време на тековната криза сите ресори на извршната власт да се сообразат со условите и одговорно, заеднички и солидарно да учествуваат во напорите за надминување на влијанијата на кризата.

Имајќи го тоа предвид, напоменуваме дека и Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во своето работење се прилагодува на овие препораки и задолженија за штедење, и тоа се рефлектира во финално потрошените средства за потребите на институциите кои се далеку пониски од предвидените и планирани средства“, се наведува во реакцијата на СОЗР.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата