Советот за социјална сигурност усвои зголемување од 8,4 проценти на пензиите

Од:

Советот на социјална сигурност денеска на состанок усвои зголемување на пензиите. Просечната пензија од 17 666 денари се зголемува на 19 150 денари. Зголемувањето на мартовската пензија согласно методологијата ќе биде зголемување од 8,4 проценти што е повеќе од очекуваното, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата.

Ковачевски најави дека годинава, освен ова мартовско усогласување на пензиите, ќе следи уште едно во септември усогласено согласно трошоците за живот и порастот на просечната плата. За една календарска година, како што посочи, растот на пензиите ќе биде околу 16 проценти.

-Со покачувањата на пензиите што се случија лани во март и септември, заедно со ова покачување и тоа кое следи во септември, пензиите ќе бидат поголеми за 25 проценти што никогаш досега во историјата на државата се нема случено, нагласи Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна

СДСМ: Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите линеарно од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски