Соработката меѓу домашните и странските компании е мала, се прават напори таа да се зголеми

Од:

Соработката меѓу македонските и странските компании во земјава е многу мала. Но, се прават напори таа да се зголеми. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешната дебата организирана од Фајнeнс тинк рече дека е незадоволен од резултатите од оваа соработка, но посочува дека добар дел од странските инвеститори не можат да набавуваат производи или суровини од македонските компании доколку не им биде дозволено од крајните купувачи.

Анѓушев нагласи дека Владата прави напори оваа соработка меѓу домашните и странските компании во земјата да се зголеми преку помош за набавка на македонските компании соодветна технологија и знаење. Додека, нагласува тој, третата компонента што се однесува на организација на производството и контрола на квалитетот зависи од самите сопственици на македонските компании.

Па така, вели тој, до крајот на годината Владата преку помошта што се обезбедува со Законот за финансиска поддршка на претпријатија и преку програмите на Фондот за иновации ќе обезбеди поддршка за над 250 компании со цел тие да направат технолошки исчекор.

Анѓушев најави дека парите за помош за купување технологија согласно Законот за финансиска поддршка на претпријатијата треба да бидат исплатени до крајот на годината. Средствата за подддршка на македонските компании се зголемени и во буџетот за следната година.

Вицепремиерот смета дека голем простор за соработката на странските и домашните компании има во делот на производство на готови производи.

Фајненс тинк, невладината организација, што ја организираше денешната дебата, повикувајќи се на анализа што ја изготвиле неодамна посочува дека постои воспоставена соработка помеѓу домашните мали и средни претпријатија и мултинационалните компании во земјата, која што во голема мера е зависна од веројатноста на македонските компании да најдат добавувачи и потребни производи локално и од нивната политика за набавка.

-Само 10 проценти од вкупните обврски на мултинационалните компаниии се кон домашните претпријатија, вели Деспина Тумановска од Фајнeнс тинк.

Околу 37 проценти од македонските компании кажале дека соработуваат или имаат соработувано со странски компании во земјава.Најголем дел од оваа соработка се одвива во делот на давање услуги. Околу 61 отсто од мултинационалните компании кажале дека купуваат услуги од домашни компании додека само 30 отсто можат да најдат суровини за своето призводство во земјава, а 61 процент од странските компании рекле дека не можат да најдат опрема и машини.

На дебатата учествуваа и претставници на македонски компании кои соработуваат со странските фирми во земјава.

Според Маријана Ангеловска од „Ариљеметал“, малите и средни фирми немаат доволно средства за да ги следат технолошките промени што ги бараат странските инвеститори. Темпото на развој се забрзува, а според неа, мерките на Владата не се доволни за да се фати моментумот. Затоа се потребни, според неа, средства од европските фондови.

Борјан Борозанов од Аптив Македонија вели дека во соработката се гледа како на бизнис интерес што треба да се развие и дека треба да се рабтои на нејзино продлабочување.

Во својата анализа Фајнeнс тинк препорачува мерки за подборување на процесот на стандардизација, за стимулирање на производството на суровини и импути и понатамошно намалување на царинските давачки и поедноставување на царинските процедури за увоз. Препораки има и за домашните и за странските компании.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов