СОНК во првомајскиот проглас бара почитување на социјалниот дијалог и неотпуштање на работници

Од:

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) нема да се приклучи кон прославувањето на Меѓународниот ден на трудот, бидејќи, како што велат, состојбата на работниците во земјава не е за славење.

– Оваа година 1-ви мај во Македонија се одбележува во посебни услови, кога во светот и кај нас се прогласени вонредни услови од пандемија на вирусот COVID-19. Во вакви вонредни услови на живеење и работа, имаме и вонредни мерки предложени и усвоени од Владата, кои одат во правец на намалување на правата на работниците по однос на нивниот социо-економски статус, како и правото на нормално живеење, работење, функционирање, се вели во првомајскиот проглас на СОНК.

Од Синдикатот посочуваат дека во повеќе наврати барале од Владата да ги преиспита своите одлуки и да ги повлече уредбите кои се однесуваат на намалување на платите на вработените во јавниот сектор и укинувањето на додатоците на плата.

– СОНК стои на својот став дека, дури и во вакви околности, односно и во вонредна состојба на државата, мора да се почитува правото на социјален дијалог и партнерство, особено кога се работи за вакви осетливи прашања, што се однесуваат на социјалната сигурност на работниците. Исто така, не смееме да го премолчиме фактот што веќе една година Комисијата за утврдување на репрезентативност избегнува да се состане и да утврди,согласно фактичката состојба, репрезентативност на национално ниво на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, истакнува синдикатот.

Од Владата бараат да се подигне социјалниот дијалог на највисоко ниво, да се обезбедат мерки со кои ќе се сведе на минимум отпуштањето на работниците и да ги разгледа предложените антикризни мерки од Конфедерацијата на слободни синдикати и Македонското здружение за заштита при работа. Се бара и да нема кратење на платите и додатоците на плата и да се искористат сите расположливи ресурси за да се најдат најсоодветни решенија за надминување на економската криза.

– СОНК е свесен за моменталната ситуација на државата, особено од аспект на нефункционирање на голем дел од приватниот сектор, што предизвикува отпуштање на работници од една страна, како и немање на капацитет за полнење на буџетот, од друга страна. Исто така, свесни сме дека оваа здравствена криза се преточува во светска економска криза, која несомнено нема да ја заобиколи и нашата држава. Од тие причини, уште еднаш укажуваме на сериозноста на овој проблем и потребата за консензус меѓу политичките субјекти во државата, во однос на изноѓање најдобри економски мерки и решенија, за што е можно побезболно да се надмине кризата. Секако и ние како синдикати се ставаме на располагање, со сиот наш капацитет, заедно здружени и единствени да помогнеме во ваквата ситуација, се вели во првомајскиот проглас на СОНК.

Би можело да ве интересира

СОНК: Најновата Уредба е јасна, очекуваме изборната комисија при УКИМ да ги стопира и одложи сите активности

Ана Ололовска

МТСП: Компаниите да им платат дневница на работниците што ќе работат за 1 Мај

А1он

Филипче: Рано е за целосно укинување на полицискиот час

Кристијан Ландов

СОНК реагира на начинот на кој е донесена уредбата за укинување на надоместоците на плата

Ана Ололовска

СОНК не се согласува со предлогот за намалување на платите во администрација

Ана Ололовска

СОНК реагира на неисполнувањето на договорот за зголемување на платите во високото образование

Драган Поповски