Сомелиери за сирење и вино имаме, но угостителите не се заинтересирани да ги ангажираат

Од:

Стопанската комора за туризам увидела дека во нашиот хотелско-угостителски сектор недостигаат сомелиери за сирење и вино, поради што, изминативе две години, во партнерство со Португалија, Шпанија и Бугарија, организирала соодветни обуки.

Кандидатите кои ги минале обуките се веќе профилирани кадри, но кај туристичкиот сектор нема доволно интерес да ги ангажира.

-Сомелиерите за вино се обучуваа во Мадрид, а оние за сирење во Порто. Сега тие знаат да дегустираат, да препознаваат и тоа да го спроведат во пракса. Компетенциите што ги добија и сé што научија, можат да го пренесат во туристичките објекти. Но, во овој момент хотелиерите и угостителите не покажуваат доволно интерес за нив, иако имаат потреба од вакви профили. Увидовме дека им недостасуваат, изјави извршната директорка на Комората, Биљана Пејоска Ристеска пред почетокот на денешната тркалезна маса „Воведување иновативни образовни концепти на полето на одржлив туризам“.

Според неа, сомелиерите за сирење и вино стекнаа неформално образование. Практично, го доусовршиле своето досегано знаење.

-Ова е дополнително за секој што сака да го усоврши своето знаење и што сака да се пронајде во својата струка, да стекне дополнителна квалификација која би му користела во кариерата, но и самостојно, да биде поконкурентен на пазарот на трудот, објасни Пејоска Ристеска.

Обуките за сомелиери се спроведоа преку проектот „Cheese and wine and Tourism will shine” од програмата „Еразмус+“ кој освен обуки, предвидуваше и креирање дигитална платформа за вмрежување на туристички субјекти.

Би можело да ве интересира

Античкиот град Лијанг ги фасцинира посетителите со својата архитектура

Ана Ололовска

Само 13% од интернет корисниците во земјава резервирале одмор онлајн, во ЕУ 50 проценти

Ана Ололовска

Во Преспа втор туристички саем

Ана Ололовска

Втор туристички саем во Преспа

Ана Ололовска

Зголемен бројот на ноќевања на посетители од Северна Македонија во Солун

Ана Ололовска

Ќе се уредува нова плажа на Дојранското Езеро во Сретеново

Ана Ололовска