Солидарноста е единствениoт пат за Европа, според германскиот филозоф Јурген Хабермас

Од:

Се поприсутна е социјалната неправда, предизвикана од кризата во сите држави, кои се погодени од неа. Државите кои се одговорни за таа неправда, и на прво место Германија, треба официјално да преземат одговорност, нешто што досега тие не го сториле.

Тоа го изјави германскиот филозоф Јурген Хабермас на Светскиот конгрес по филозофија, што почна денеска во Атина.

Осумдесет и четиригодишниот филозоф повика за европска интеграција, истакнувајќи дека тоа е патот за да биде потпомогната демократската легитимност на ЕУ и да биде обновен балансот меѓу политиката и пазарите.

Германскиот интелектуалец ја анализираше економската криза, истакнувајќи дека таа се должи и на недостигот од „политичка солидарност“.

Хабермас е убеден дека „политичката солидарност“ ќе доведе до прераспределба на богатството. Според него, моќните држави од ЕУ избегнуваат да им објаснат на граѓаните дека без таква политичка солидарност нема да може да биде потпомогнат растот и компетитивноста во еврозоната.

– Само на тој начин ЕУ ќе биде во состојба да се врати кон стабилност во иднина.

Германскиот филозоф истакна дека евентуалниот излез на Грција од еврозоната не е најдоброто решение од економска и политичка гледна точка.

Тој предвидува дека победници на следните избори за Европскиот парламент ќе бидат десните сили.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски