Собранието го изгласа прогресивното оданочување

Од:

Собранието попладнево го донесе Законот за данок на личен доход со кој од 1 јануари 2019 година се напушта концептот на рамен данок и се воведува прогресивно оданочување.

Во образложението на предлогот минситерот за финансии Драган Тевдовски го оцени како праведно решение, додека опозицијата како лошо законско решение и катастрофа за македонската економија.

-Се предлага воведување прогресивен данок на доход со цел обезбедување поголема праведност на даночниот систем, рече Тевдовски.

Освен даночната стапка од 10 проценти се воведува и стапка од 18 отсто која ќе се однесува на даночна основа што надминува еден милион и осумдесет илјади денари на годишно ниво, односно 90 илјади денари на месечно ниво. За даночната основа до еден милион и осумдесет илјади годишно и до 90 илјади месечно останува примената на постојната даночна стапка од 10 отсто.

Исто така, се предлага и оданочување на доходот од закуп, подзакуп, дивиденди, капитални добивки, игри на среќи и друг доход да се врши со примена на единствена даночна стапка од 15 отсто.

Дополнително со законот се врши и зголемување на соодносот на даночното намалување, односно ослободување што ќе важи на платите и пензиите со што даночното побарување кај пензиите ќе биде помало отколку што е со постојниот закон.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови