Собранието го изгласа државниот буџет за 2021 година, опозицијата ја напушти седницата пред гласањето

Од:

Без присуство на пратениците од опозицијата, кои пред почетокот на гласањето ја напуштија вечерашната седница, Собранието пред полноќ, со 62 гласа „за“, го изгласа буџетот за 2021 година.

Во текот на долгата и жолчна расправа, власта и опозицијата искажаа дијаметрално спротивни ставови за предложениот државен буџет за идната година.

Буџетот, скроен на ваков начин, според власта ќе обезбеди одржливост, рационално трошење и е продолжение на одговорните политики спроведени во изминатиот период. Пратениците од владејачкото мнозинство посочија дека предлог-буџетот е фокусиран на поддршка на здравството и на економското заздравување.

За опозицијата, предложениот Буџет е расипнички, мегаломански и нереален, а во него се предвидени најголемите расходи досега во историјата за плати на администрацијата. Со ваков буџет, како што истакнаа опозиционерите, нема да се обезбеди финансиска консолидација на земјата, туку ќе се зголеми јавниот долг, кој според нив би достигнал 67 проценти.

Министерот за финансии Фатмир Бесими во образложението на државната каса за догодина, рече дека Буџетот е реален, ги лоцира приоритетите и ги алоцира средствата на граѓаните онаму каде што ќе дадат најдобар ефект и резултати.

– Наредната фискална година се карактеризира со се уште присутната непредвидливост околу времетраењето и интензитетот на здравствената пандемија во глобални рамки, импликациите врз буџетот и економијата во целина и потребата од поставување основа за солидно економско заздравување и забрзан раст. И покрај присутните ризици поврзани со здравствената криза, а земајќи ги предвид досега реализираните четири пакети на економски мерки, со проекциите во Буџетот за 2021 година се очекува да се обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да закрепнат одредени дејности, да се обезбеди стабилност на социјалните трансфери и да се обезбедат политики кои и понатаму ќе помогнат за спроведување на брза излезна стратегија со цел продолжување со позитивните трендови на македонската економија, истакна Бесими.

Во услови на очекувано закрепнување на инвестициите, потрошувачката и надворешната побарувачка, економскиот раст во земјата е проектиран на 4,1 отсто, согласно основното сценарио, кое претпоставува слабеење на здравствената криза и етапно подобрување на епидемиолошката слика, повисока искористеност на производствените и услужните капацитети, поволни ефекти од економските мерки, како и зголемена доверба кај потрошувачите и инвеститорите.

Во дополнетиот предлог се содржани 18 амандмани прифатени во текот на расправата пред матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет.

Присутните пратеници со аплауз во собраниската сала го поздравија усвојувањето на документот според кој државата ќе ги планира своите трошења и приходи идната година. Вкупните приходи на Буџетот за 2021 се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари, додека расходите на 247,5 денари. Проектираниот дефицит е 34,9 милијарди денари.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови