Со нов закон ќе се поттикнат инвестициите во рударството

Од:

Нов закон за рударство договорија министерот за економија Ваљон Сарачини и претставници на деловни субјекти од рударскиот сектори.

Целта на законот е да се поттикнат инвеститорите да вложуваат во овој сектор.

„Сега се предлага рокот за добивање концесија да трае 30 плус 10 години, со можност потоа предност да има постојниот концесионер за дополнителни 20 години“ – најави Сарачини. Предвидено е со законските измени да се укине вршењето на детални геолошки истражувања, со што се олеснува постапката за доделување на концесии за експлоатација, имајќи го предвид фактот дека најголем дел од барањата за доделување на концесии се однесуваат токму на овој вид на минерални суровини.

„Воведено е и правилото ’молчењето е одобрување’, исто така во насока на скратување на процедурите, во случај кога не е добиено мислењето од институцијата во утврдениот рок, како и можноста за електронска аукција“, изјави министерот Сарачини.

„Се работи за подобрен предлог закон за минерални суровини. Ќе имаме убав и стимулативен закон, што ќе овозможи поинтензивен развој и нови инвестиции, затоа што металните руди се извозно ориентирана гранка“ – смета Николајчо Николов, претседател на Македонска асоцијација за рударство и извршен директор во „Бучим“ од Радовиш.Со нов закон ќе се поттикнат инвестициите во рударството

Нов закон за рударство договорија министерот за економија Ваљон Сарачини и претставници на деловни субјекти од рударскиот сектори.

Целта на законот е да се поттикнат инвеститорите да вложуваат во овој сектор.

„Сега се предлага рокот за добивање концесија да трае 30 плус 10 години, со можност потоа предност да има постојниот концесионер за дополнителни 20 години“ – најави Сарачини. Предвидено е со законските измени да се укине вршењето на детални геолошки истражувања, со што се олеснува постапката за доделување на концесии за експлоатација, имајќи го предвид фактот дека најголем дел од барањата за доделување на концесии се однесуваат токму на овој вид на минерални суровини.
„Воведено е и правилото ’молчењето е одобрување’, исто така во насока на скратување на процедурите, во случај кога не е добиено мислењето од институцијата во утврдениот рок, како и можноста за електронска аукција“, изјави министерот Сарачини.

„Се работи за подобрен предлог закон за минерални суровини. Ќе имаме убав и стимулативен закон, што ќе овозможи поинтензивен развој и нови инвестиции, затоа што металните руди се извозно ориентирана гранка“ – смета Николајчо Николов, претседател на Македонска асоцијација за рударство и извршен директор во „Бучим“ од Радовиш.

Би можело да ве интересира

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов