Со кредит од ЕБОР во износ од 110 милиони кредит ќе се гради автопатот од Букојчани до Кичево, дел од Коридорот 8

Од:

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри кредит во износ од 110 милиони евра за финансирање на изградбата и услугите за супервизија на 10,2 километри автопат од Коридорот 8 на потегот од Букојчани до Кичево, заедно со деталниот нацрт на под-секцијата од 4 километри. Европската Унија го кофинансира проектот со ЕУР 20 милиони инвестициски грант, преку Инвестициската програма за Западен Балкан (ИПЗБ).

Претставникот на ЕБОР Анди Аранитаси на церемонијата на потпишување на договорот рече дека уште од 2001 година банката игра уникатна улога во поддршката на патниот сектор во земјава.

-Ја финансираше изградбата и модернизацијата на регионалните, локалните и Пан-Европските патишта, и обезбеди политички дијалог за зајакнување на институциите во земјата. Со оваа нова инвестиција, повторно ја потврдуваме нашата посветеност за изградба на подобра транспортна инфраструктура во земјата за добро на сите во граѓани и бизниси, посочи Аранитаси.

Министерот за финансии Фатмир Бесими нагласи дека Коридорот 8, чиј дел е и делницата од Букојчани до Кичево, е еден од стратешките проекти за инфраструктурата на земјата, кој ќе ја направи поконкурентна.

-Со изградба на патната инфраструктура од Коридорот 8, во земјава ќе се заокружи изградбата на пан-Европскиот коридор значаен за подобра поврзаност на Северна Македонија, Албанија и Бугарија кон останатите европски земји. Ова ќе отвори нови пазари за македонските компании, ќе ја подобри нивната конкурентност и ќе овозможи одржлив економски раст, посочи Бесими.

Од ЕБОР нагласуваат дека покрај креирањето на нови работни места за време на изградбата, работите на новиот дел од автопатот ќе обезбедат можност за развој на вештини за младите луѓе во градежниот сектор, преку обука на лице место.

-Оваа програма за вклучување на младите е развиена од ЕБОР, и ги поддржува владините напори во промовирање на вработување на младите. Со проектот ќе се охрабри поголемо учество на приватниот сектор, со тендер за договор за градење и одржување, кој ќе вклучи справување со климатските ризици за време на фазите на изградба, работењето и одржувањето на проектот, порачуваат од ЕБОР.

Владите на Јапонија и Австрија, исто така, го поддржаа проектот преку финансирање на програмата за вклучување на млади и проценката за влијанието на климата.

ЕБОР досега за изградба на патишта во земјата, има обезбедено над ЕУР 400 милиони.

Коридорот 8 се протега на приближно 305 километри на територијата на државава и поврзува 62 отсто од популацијата во земјата. Неговиот развој е идентификуван како стратешки приоритет на земјата, но околу 60 отсто од него треба да биде изграден согласно стандардите за автопатишта. Земјата превзема напори за рехабилитација и продолжување на делови на постојниот пат, и гради нови секции, со цел целосно да ја модернизира маршрутата.

Коридорот 8 е патнички и железнички коридор од исток кон запад, кој се протега од бугарското пристаниште Варна на Црно Море до албанското пристаниште Драч на Јадранско Море. Опфаќа морски и езерски пристаништа, аеродроми, патишта и железница, во вкупна должина од 1.270 километри железница и 960 километри патишта.

Би можело да ве интересира

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Жители на Баница ќе постават шатори за одбрана на нивите од „Бехтел и Енка“ ако Владата не ги викне на средба

А1он

Бочварски за патот Кичево-Охрид: Се што ќе направиме ќе биде согласно насоките од експертите

А1он

ЕУ најави пакет од 560 милиони евра за третата фаза од источниот дел на железничката мрежа на Коридорот 8

Брзо се оттуѓува приватниот имот за „Бехтел и Енка“: 58 отсто од земјиштето е експроприрано

Орце Костов

Жителите на Горна и Долна Бањица се жалат дека експропријацијата за изградбата на Коридорот 8 е по пониски цени